Животна училница // Приказни
Мајката на Јане Велковски со апел: Јане спаѓа во групата со висок ризик од Ковид19, за неодговорните барам најголеми казни
Деница Велковска, мајката на 11 годишниот Јане Велковски, малиот херој кој боледува од мускулна спинална атрофија, се обрати ао апел до сите лица, по повод новите случаи на коронавирус во земјава.
„Апел до неодговорни лица: како мајка на дете со висок ризик од респираторни болести: СВЕСТЕТЕ СЕ, ЕДУЦИРАЈТЕ СЕ И ПОЧИТУВАЈТЕ ГИ МЕРКИТЕ! За неодговорно шеткање при назначен карантин или враќање од ризично подрачје- барам најголеми казни!
Јане спаѓа во групата со висок ризик од Ковид19 како и од грип, откажавме медицински пат за продолжување на имплантите во кичма и ги почитуваме сите превентивни мерки. Доколку наш познат или родител од Д.П.Г.Беровски бил во контакт со посочената Клиника, ве молам да ми се јавите“