Мајката на милионерот Илон Маск ги засени сите: Малку жени во 8-мата деценија би се осмелиле да го носат ОВА
Еве зошто сите
зборуваат за нејзиниот стајлинг
Маја Маск, модел и нутриционист, мајка на милионерот Илон Маск, е пример за жените ширум светот. Нејзините модни комбинации се секогаш хит, а нејзиниот стил е посебен, иновативен и неповторлив. Таа плени со својата самодоверба и позитивна енергија каде и да се појави, па не е чудно што сите големи модни куќи сакаат да соработуваат со неа.
Иако е во 8-мата деценија од животот, може да стои рамо до рамо со многу помлади трендсетерки.
Нејзините стајлинзи секогаш предизвикуваат лавина коментари, а токму така беше и овој пат. Имено, таа беше фотографиран на ревијата на брендот Balmain, таа за малку ќе го засенеше целиот настан.
На ревијата Маја се појави во црни кожени панталони и жолт-неон џемпер. Ова беше доволно да стане тема број 1 на социјалните мрежи.
Повеќето се согласија дека оваа жена изгледа неверојатно добро и дека жените и девојките треба да се огледаат на неа.
Фото: Профимедиа
Сите го знаеме Илон Маск, но која е неговата мајка: Супермодел, која сама одгледа три успешни деца