Мајката на Миљана низ солзи за состојбата на ќерката: Многу е вознемирена, таму нема никој свој

Кулиќ откри и дека е презадоволна од начинот на кој лекарите се грижат за нејзината ќерка, а не крие дека е вознемирена и дека најмногу ја загрижува тромбозата која ѝ е дијагностицирана на Миљана 

Поранешната риалити учесничка Миљана Кулиќ е префрлена во белградскиот клинички центар од Ниш, за да добие соодветна медицинска помош по компликациите поради операција на желудникот во Турција.

Нејзината мајка, Марија Кулиќ зборуваше за тамошните медиуми и рече дека ги чека резултатите од најновите тестови, кои Миљани ги направи утринава, како и лекарите да и кажат „што да се прави понатаму“.

- Очекувам нови информации. Миљана е уште во шок соба, ја прегледаа сабајлево во 6 ѝ земаа крв, ќе треба неколку часа да се завршат анализите, па чекам да се јавам на лекарите, да видам што е со резултатите, ако има некакви промени, што ќе ми кажат... Чекам да видам дали ќе ја префрлат на друго одделение - рече вознемирена Марија и додаде.

- Милјана е многу вознемирена и исплашена, а како да не биде.. За разлика од другите пациенти во шок одделението, таа е свесна за сè, свесна е и каде се наоѓа, а дополнително ја вознемирува и тоа што околу себе гледа други пациенти во тешка состојба. Таа е многу вознемирена, а ние не сме таму, нема некој свој. Посетите се строго забранети поради короната, не можам да ја видам, одам таму за џабе.


Кулиќ откри и дека е задоволна од начинот на кој лекарите се грижат за нејзината ќерка, а не крие дека е вознемирена и дека најмногу ја загрижува тромбозата која ѝ е дијагностицирана на Миљана.

- Докторите се супер, навистина немам зборови, нон-стоп сум во контакт со нив. Толку се љубезни, ништо не им е тешко да ми кажат, да ми објаснат. Нејзината состојба е непроменета, исто како и во Ниш - најголем проблем е тромбозата на стомачните вени, постојано интравенски ја прима пропишаната терапија. Тоа дава резултати, другите нејзини параметри се добри, некои параметри полека паѓаат по операцијата... - рече Марија и додаде дека Миљана добро реагира на терапијата.

- Добро реагира на терапијата, но кога ќе погледнат на скенерот состојбата е иста. Не знам веќе, се молам на Бога, верувам во доктори и само чекам некоја подобра вест. Не спијам, не можам да се смирам, не можам да опишам колку е тешко сето она низ кое поминуваме, но од оваа кожа не можеш да излезеш – низ солзи рече Марија Кулиќ, пренесува Пинк.


Извор: telegraf.rs