Македонците на зимување во соседството: Што е со нашиот зимски туризам?

Македонските граѓани со години за зимување одбираат дестинации во соседството, а помал е бројот на оние кои одат на скијање во земјава.

Од туристичките агенции велат дека граѓаните ја бираат Бугарија поради прифатливите цени, но и богатата понуда. Србија е помалку атрактивна, а македонските зимски туристички центри поретко се опција. Дел од агенциите прават тури на еден ден до Маврово, Попова Шапка, Пониква.  Со тоа посетеноста на домашните туристички центри е поголема за време на викендите.

„Граѓаните најчесто одат на зимување во Бугарија, во Банско и Боровец. За зимување во Србија интересот е слаб. За Македонија скоро и да нема интерес, затоа што немаме развиен зимски туризам, и инфраструктура, а друг фактор е тоа што во соседна Бугарија цените се пристапни“, велат од туристичка агенција.

Природна убавина има, но дали тоа  е доволно и што велат граѓаните за нашите зимски туристички места прочитајте на фактор.мк