Македонија ќе добие 103 200 дози вакцини на крајот на месецов: За вакцинирање ќе се пријавуваме онлајн
Ковакс го обелодени планот за дистрибуција на вакцините.
Ковакс ќе дистрибуира 337,2 милиони во 142 земји во светот, најавувајќи дека Индија ќе добие најмногу, а во регионот Србија.
Како што претходно најави и министерот за здравство, Венко Филипче, преку овој механизам, Македонија ќе добие 103.200 дози.
Испореките ќе почнат кон крајот на месецов, најави Ан Линдстранд од Светската здравствена организација, со напомена дека распределбата на количините ќе биде пропорционално на бројот на населението на секоја земја.
Најмногу ќе добие Индија 97,2 милиони, а од земјите на Западен Балкан најмногу ќе добие Србија, 345.600 дози, потоа БиХ, 177.000, Албанија, 141.600, Македонија, 103.200, Косово, 100.800 и Црна Гора 84.000 дози вакцини.
Македонските граѓани ќе може да се пријавуваат за вакцина против ковид-19 преку специјален сајт изготвен за таа намена, потврдуваат за „Слободен печат“ високи извори од Министерството за здравство, непрецизирајќи детали. Ваков систем досега изготви соседна Србија, каде граѓаните преку прашалник се пријавуваат за вакцинација.