Македонија се збогува од врвниот неврохирург: Почина проф. д-р Јовица Угриновски

Македонија останува без еден од врвните неврохирурзи. Почина проф. д-р Јовица Угриновски.
Најблиските се простија од својот ментор, професор, колега и на Инстаграм профилот на НЕУРОМЕДИКА напишаа: 

-Со огромна жалост сакаме да ве известиме дека утрово на 77 годишна возраст, по тешко боледување почина нашиот ценет и почитуван професор д-р Јовица Угриновски.

Професорот Угриновски беше основач и претседател на Управниот одбор на НЕУРОМЕДИКА. Менаџерскиот тим и сите вработени изразуваат огромна почит и благодарност за соработката и успесите во работењето, стои во Инстаграм објавата на Неуромедика.