Македонија2025: Улогата на образованието во омоќување на девојчињата да изберат кариера во СТЕМ
Македонија 2025, во партнерство со Фондацијата Ана и Владе Дивац oд Србија, произведе/промовира компаративна студија на фактори поврзани со изборот на кариера во СТЕМ и начини да се поттикне интерес за СТЕМ меѓу девојчињата насловена “STEM≡quality – Омоќување на девојки и млади жени да следат СТЕМ (наука, технологија, инженерство и математика) образование и професионални кариери”.
Во овој документ се прикажaни резултатите од истражувањето чија цел беше да се поттикне, преку презентација на успешни примери, изборот на кариера во СТЕМ кај ученичките од основните училишта од Македонија и Србија.
„Во студијата ја истакнуваме важноста на: (а) раните интервенции за зголемување на привлечноста на кариерата во СТЕМ бидејќи младите девојки ги ставаат своите интереси и желби како еден од најважните фактори при изборот на кариера; (б) улогата на образовниот систем не само во развивањето знаења и вештини, туку и самодоверба за кариера во СТЕМ; (в) создавање систем за поддршка за младите девојки за да го негуваат својот интерес за СТЕМ. Интервенциите за намалување на родовиот јаз во СТЕМ треба да бидат повеќенасочни и да вклучуваат промени во формалното образование во однос на промени на наставните програми за да се промовира улогата на жените во СТЕМ, да се изградат повеќе вештини и да се зајакне довербата поврзана со поседување вештини и создавање подобар систем за поддршка на кариерното советување и поддршка.
Главната општа препорака на истражувањето е дека образовните системи треба да играат проактивни улоги во поттикнување на развојот на потребните вештини за СТЕМ, преку зајакнување на мотивацијата за избор на кариера во СТЕМ и обезбедување на поголема поддршка за девојчињата да изберат кариера во СТЕМ.Во рамките на формалното образование, училишната клима, поинклузивни училници и работни места кои ги ценат женските мислења, учебниците, наставните материјали и наставните методи треба да изградат вештини и доверба кај девојчињата за предметите од СТЕМ.Подеднакво важно, младите девојчиња треба да бидат изложени и да имаат можност за интеракција со жени со образование и/или успешна кариера во СТЕМ.
Проектот се спроведе на територијата на две соседни земји, Северна Македонија и Србија. Спроведеното истражување е дел од Проектот„STEM≡quality“, чија основна целе да промовира кариери во областа на СТЕМ со фокус на младите девојки/жени.Преку јавна кампања и предавања на успешни жени со кариера во СТЕМ, намерата беше да се поттикнат и охрабрат младите девојки да изберат СТЕМ образование и/или кариера.Ова истражување обезбедува докази за влијанието на една компонента на програмата - предавањата на успешни жени со кариера во СТЕМ.Сепак, влијанието на целокупниот проект е веројатно поголемо, бидејќи спроведувањето на јавната кампања „Ајде да инспирираме повеќе девојки во СТЕМ (мотивациски пораки, подкасти и видео интервјуа) има далеку поголем дофат на публика не само во нашата земја, и во соседна Србија туку и пошироко бидејќи вклучивме и претставивме успешни жени од Канада и Америка.
Главните корисници на програмата беа 560 младите девојки (8-мо и 9-то одделение) од 20 основни училишта од Македонија и Србија.
Програмата „SТЕМ IT like a girl„ или „СТЕМувај како девојка„ е делумно поддржана од Амбасадата на Канада во Србија, Северна Македонија и Црна Гора преку Канадскиот фонд за локални иницијативи. Повеќе за програмата „SТЕМ IT like a girl„ или „СТЕМувај како девојка„ може да погледнете тука.
Во оваа прилика се заблагодаруваме на нашите поддржувачи и партнери за поддршката на нашата иницијатива за повеќе девојки во СТЕМ“, соопштуваат од Македонија2025.