Македонската пијанистка Ана Велиновска ќе настапи на два фестивали во Швајцарија

Добивај вести на Viber

Македонската пијанистка Ана Велиновска ќе свири на фестивалот „Звуци на Алпите“, во срцето на швајцарските Алпи, кој ќе се одржи од 12 до 15 Август, објави МИА.

На фестивалот ќе изведе три светски премиери, од композитори од Русија, Ерменија и Швајцарија. Потоа Велиновска ќе настапи и на „Луцерн Фестивал“, еден од водечките фестивали во светот на класичната музика, кој ќе се одржи во градот Луцерн во Швајцарија, од 10 Август до 12 Септември.

На овогодинешното издание на фестивалот ќе настапат плејада од меѓународни ѕвезди, меѓу кои пијанистите Даниел Баренбоим и Јуџа Венг, мецосопранот Чечилија Бартоли, виолинистката Ен-Софи Мутер, диригентите Валери Гергиев и Сер Сајмон Ратл, а ќе гостуваат оркестри како Виенската филхармонија и Берлинската филхармонија - стои во соопштението од тимот.


извор:mia.mk