Македонскиот продуцент на иста сцена со Бијонсе и Адел: Костадин Камчев номиниран за Греми

Добивај вести на Viber

Најголемите ѕвезди на поп- музиката ќе бидат присутни на 65 издание на доделувањето на американските музички награди Греми, кое ќе се одржи вечерва во Лос Анџелес.

Дел од најголемата музичка елита ќе биде и нашиот Костадин Камчев, продуцент кој живее во Њу Џерси, Америка.

Тој е номиниран во категоријата Тропикал латино албум, со изданието Imagenes Latinas на Spanish Harlem orchestra, на кој се јавува во улога на инженер на звук

-Ова ми е втора ниминација за Греми награда . Минатата година бев номиниран како дополнителен инженер на звук на саунд тракот на Ханс Зимер од филмот Дина – ни изјави Камчев

Во центарот на вниманието на настанот ќе биде реваншот меѓу Бијонсе и Адел, кои издадоа успешни албуми. Како фаворит се споменува и Тејлор Сфивт.

С.А.Н