Македонско, турско, балканско – како го пиете вашето омилено црно кафе?

Добивај вести на Viber

Кратка историја на црното кафе – како нашиот омилен напиток ги освојува срцата на балканските простори

Мирисот на свежо сварено кафе во комбинација со топлината на домот и приказните на баба и дедо. Се сеќавате зар не? И денес, години подоцна аромата на домашно сварено кафе предизвикува моментално будење на најслатките спомени од детството. Сте се запрашале ли некогаш. Каква е врската помеѓу нашиот народ и кафето? Од каде потекува традицијата на пиење кафе на балканските простори? И како истата му пркоси на времето?

Кафето дефинитивно го носи приматот на најпопуларниот пијалак на светот. Имајќи го предвид фактот дека потекнува од 9 век, се прашуваме како ли владееле старите Римјани без утринската доза на кафе? Како се открива кафето? Благодарение на неколку љубопитни овци. Постои легенда дека кафето го открил некој овчар кој забележал дека овците му се многу активни, откако ги изеле црвените бобинки од плодот на кафето. Овчарот се решил да го сподели своето искуство со старешината на локалниот манастир.Тој го проверил дејството на зрната кафе по што доживеал неверојатно искуство и веднаш нашол примена за ова откритие. Чајот од зрното кафе и листови им помагал на монасите да ги издржат долгите ноќни молитви. Па така, благодарејќи на “разиграните овци”, љубопитниот овчар и вештиот манастирски старешина, откриено е кафето. Во арапскиот свет кафето било долго чувана тајна додека Европа дознава за кафето пред половина милениум.

Патувањето на кафето до нашиот регион е поврзано со историските настани и појавата на новите традиции во нашиот регион. Од далечните и егзотични Етиопија, Арабија и Турција, преку венецијанските трговци кафето конечно го наоѓа своето место наБалканот – а токму тука почнува да се развива цела филозофија на пиење кафе.

Се верува декапрвото кафуле на Балканот го отвориле Турците во далечната 1522 година. Тогаш, кафулето најчесто го посетувале угледни личности од различни професии и низ долги дискусии разменувале различни искуства. Како го служеле кафето? Исклучиво во мали филџани, по шест зрна по порција. Замислете денес, петстотини години подоцна, традицијата на долг муабет со шолја кафе сè уште е број еден омилена традиција секаде!

Во минатото, кафето се мелело во традиционални мелници за подоцна да се подготви во котел. Кафето кое до ден денес го подготвуваме во ѓезве, традиционално се печело дома на оган, помеѓу 9 и 12 минути, а крајот се бележел помеѓу првото и второто крцкање. Денес процесот на печење и мелење е многу покомплициран и се одвива во современите фабрики каде се води грижа за секое зрно кафе, бидејќи само едно, кое не е со соодветен квалитет, може значително да го промени вкусот. Токму затоа,секоја шолја DonCaféе совршена синергија на ароми и вкусови. Внимателно одбрани зрна, подготвени во контролирана средина со внимание и љубов кон секое едно зрнце кафе. Doncafé ги комбинира најквалитетните зрна кафе и иновативните технологии. Благодарение на системот AromaExpert кој ја штити аромата на свежо меленото кафе во кесичката, секоја шолја е совршено искуство и затоа ја има магичната моќ да биде наш најдобар сојузник наутро. Системот за производство DoncaféAromaExpert е развиен токму со цел да се зачуваат аромите во најголема можна мера, како со спречување на нивното испарување за време на понатамошниот производствен процес (мелење и пакување во кеси), кога процесот на испарување е најинтензивен, така и со заштита на кафето од контакт со воздух во секое време по печењето и на тој начин му дава на кафето полн вкус, неодолива арома и исклучителна свежина.

Време е за Doncafé!

               

ПР објава