Македонското девојче со појавата ги засени сите: Каролина воодушеви на MAC (ФОТО)
Каролина Гочева воодушеви на MAC наградите и со стајлинг и со изглед!
Македонската пејачка Каролина Гочева синоќа се појави на најголемиот музички настан во регионот, доделувањето на музичките награди Music Awards Ceremony (MAC), што е нејзино прво појавување во Србија по осум години.
Во раните 2000-ти, Каролина беше едно од најпрепознатливите музички имиња во регионот. Но, пејачката долги години многу повеќе ја промовираше својата музика, дома во Македонија, додека публиката во Србија немаше многу можности да ја види во јавноста.
Се до синоќа кога ги шармираше сите со својот изглед и стајлинг. За црвениот тепих таа избра проѕирен долг фустан со длабоки шлицови и резови на ракавите, а во очи паѓаше и длабокото деколте и накитот кој македонското девојче го носеше околу врат. Едноставно брилијантна.
Каролина пред камерите на присутните медиуми откри дека планира да се врати на српската музичка сцена.
За време на настапот пак кој го имаше на церемонијата, Каролина се пресоблече во краток црн фустан со долги ракави.