Македонските дизајнерки за ентериер: Во 2022 природата ќе ви дојде дома, земјени тонови и биофилен дизајн

2022 година ни е пред прагот - а тоа значи дека е време да започнеме да планираме однапред кога станува збор за тоа што ќе биде тренд во Новата година. За да разбереме што да очекуваме, особено во делот на внатрешниот ентериер Женски магазин разговараше со две млади и многу талентирани дами кои работат во сферата на внатрешниот ентериер, токму тие ни откриваат кои трендови ќе бидат ИН во новата 2022 година, што е ново во внатрешниот дизајн и секако која просторија во домот е најважна за семејството и на што најмногу треба да обрнат внимание луѓето кога го уредуваат својот дом.

Милена Коцева и Елена Настева се две млади дизајнери на ентериер кои уживаат во својата работа и за читателите на Женски магазин ги откриваат новитетите во  внатрешниот ентериет или како до удобен и дом по мерка.

Текстурирани ткаенини, природно осветлување и многу домашни растенија

„Новата 2022 година во сферата на внатрешното уредување ќе биде специфична по поврзувањето со природата, по земјените тонови и биофилен дизајн. Мебелот и додатоцоите кои имитираат природни елементи како дрво, растенија и метал создаваат смирувачка атмосфера исто како да сте надвор. Новиот стил е доста инспириран од случувањата во изминативе 2 години, односно по локдаунот и останувањето на луѓето подолго време дома, па затоа се доближуваме до природата затоа што поминуваме повеќе време во домовите, за разлика од минатото.

А боите кои ќе ја одбележат 2022 се путер бежова боја, натурално кафеава, кварц зелена, ројал(кралско) сина, војничко златна и античка розева“, велат овие две дами и додаваат дека модните трендови се менуваат често, но дека има и такви стилови и ентериери што остануваат безвременски, така што може да добиете друга перспектива во просторот со мало вложување, малку работа и малку финансии: 

„Најмалите промени се прават со најситните детали во просторот, како украси, декорации на ѕид, постелнина, перничиња и завеси. Кога станува збор за промена во поголем обем луѓето најчесто прво се одлучуваат за промена на дневениот престој и кујната. И тука настапуваме ние како проектанти со идеа за нов енетериер, во констулација со клиентот дали стилот да биде по нивен избор или остават сѐ на нас“.

„Како што наведовме и погоре во 2022 ќе бидат актуелни земјените тонови и елементи што ќе бидат удобни така што, конректно не би можеле да кажаме кое парче ќе ја одбележи годината што доаѓа, ама со сигурност можеме да кажеме дека во моментот сите парчиња креирани од големите дизајнери се минималистички, удобни и функционални“.

Како проектанти на внатрешен дизајн, тие откриваат дека во еден дом најважна за едно семејство е кујната и затоа таа треба да биде пред сѐ практична и функционална, но открија и други интересни детали за останатите простории во домот. 

Осветлувањето е најбитен фактор за сите соби

„Во кујната најважна ни е практичноста и функционалонста, па затоа распоредот на елемнтите е од голема важност да бидат практични. Доколку обликот на просторијата дозволува, најдобро е да се монтираат високи кујнски елементи и машина за садови. Осветлувањето е најбитен фактор за сите соби особено за дневната така што тука би ја напоменале и природната светлина колку повисоки и повеќе прозори толку поубаво, исто така во дневната е многу битно удобноста на софата. А за најинтимната соба - спаланата би препорачале луѓето да бараат удобен душек и удобни перници и практичен и голем плакар ако дозволува просторот“, откриваат дизајнерките. 

Ги прашавме дали граѓаните кај нас најчесто сами си ги уредуваат своите домови, или тоа го препуштаат на професионалци? 

„Може да се каже дека луѓето кои бараат консултации од проектанти-дизајнери на енетериер, како во Европа и светот, така и кај нас сакаат тоа да им го прават стручни лица, најчесто тоа се млади луѓе со динамичен живот и луѓе што сакаат домот да им изгледа убаво, модерно и удобно, и кај нас веќе повеќето граѓани се консултираат со проектанти-дизајнери на ентериер“. Овие дами на крајот од нашиот разговор потенцираат дека најважно за еден дом е осветлувањето: „Осветлувањето е најбитен фактор за сите соби особено за дневната соба, така што граѓаните треба најмногу да обрнат внимание на овој дел од уредувањето на својот дом“


Наталија Миланова

Фото: приватна архива