Мала разлика меѓу тие кои ќе се вакцинираат и оние кои се против: Дали Македонците планираат да примат вакцина
Вакцинацијата против Ковид - 19 е исклучително важен процес - на светско нив е надеж дека ширењето на корона вирусот конечно ќе се стави под контрола, ќе се зачува здравјето, но и ќе се поттикне економијата. Досега пандемијата имаше сериозни последици на човештвото, а милиони луѓе ја изгубија битката со болеста. Затоа вакцините против Ковид-19 се единствена опција дека има крај. Секоја информација за процесот на вакцинација ги поместува пазарите, регираат цените на акциите, најмногу, државите и граѓаните добиваат чувство дека се ќе биде како што треба. Се разбира има и извесни сомневања околу процесот и дел од граѓаните се скептични во однос на примањето на вакцината.
Според најголемиот број од експертите, имунитетот станува многу посилен и подолготраен со примање на вакцината, отколку природно стекнатиот имунитет со прележување на болеста.
Во Македонија вакцинацијата не е почната. Веќе има најави дека само од производителот Фајзер/БионТек во Македонија ќе пристигнат 800.000 вакцини, но дополнителни количини ќе има и преку системот Ковакс, како и донации од европските земји и соседите. Првите дози треба да стасаат на почетокот на следниот месец.
Женски Магазин спроведе он лајн анкета во која праша дали граѓаните планираат да се вакцинираат. Вашето мислење е секако важно. Според резултатите од анкетата процентот на луѓе кои планираат и тие кои не сакаат да се вакцинираат е еднаков. На анкетата се изјаснија 2.498 лица. Од вкупните гласови 50 проценти од луѓето кои гласале рекле дека ќе се вакцинираат или позитивно одговориле 1.140 луѓе. Дека нема да се вакцинираат се изјасниле 50 проценти од тие кои гласале или 1.258 луѓе.
Женски Магазин само сакаше да го испита јавното мислење и не навлегуваме во ставовите на граѓаните. Дополнително, под постовите за изјаснувањето на нашите профили на социјалните мрежи имаше илјадници изјаснувања кои исто така, беа и за двете опции.
А.Т.