,

Мала, слатка балерина: Јелена Ѓоковиќ конечно објави фотографија од ќерката Тара

Добивај вести на Viber

Ретко го гледаме семејството Ѓоковиќ со децата, освен кога навиваат за тато Ноле на некои турнири.

Дали малата Тара Ѓоковиќ ќе продолжи по спортските стапки на нејзиниот татко или повеќе ја интересираат некои други области од животот?
Ќерката на Новак Ѓоковиќ е сѐ уште мала и рано е да избере идна професија, но судејќи по фотографијата што нејзината мајка Јелена ја објави на Инстаграм - може да стане балерина.


Сопругата на славниот тенисер ни откри детал од нивното семејно секојдневие, според која заклучивме дека Тара има интереси како и сите други девојки на нејзина возраст. Светло розев фустан, супер фризура и танцови чевли - сѐ е подготвено за часовите по балет.

Заедно со слатката фотографија, Јелена ги потсети следбениците на важноста од зачувување на мајчиниот јазик, традиција и култура. Деновиве, семејството се одмара на „домашен терен“, па ја искористија можноста со Ана Дивац да ги посетат манастирите на Косово.

извор:zenskikutak.rs

Љубов која победи сѐ: Погледнете како низ годините се менуваа Новак и Јелена додека нивната врска стануваше сѐ поцврста (ФОТО)


Миленичка на тато: Тара Ѓоковиќ е преслатка мала копија на нејзиниот татко, тенисерскиот ас Новак (ФОТО)