Миленичка на тато: Тара Ѓоковиќ е преслатка мала копија на нејзиниот татко, тенисерскиот ас Новак (ФОТО)
Најдобриот тенисер на светот постигна уште еден резултат за воодушевување, а не крие дека најголемата сила ја наоѓа во моментите што ги минува со своето семејство.
Најдобриот тенисер Новак Ѓоковиќ го освои Ролан Гарос! Совладувајќи го Стефанос Циципас, Новак уште еднаш покажа зошто е вистински спортски генијалец и ѝ даде на својата земја уште една причина да се гордее со него.
Самиот Новак признава дека најголема поддршка во животот му е сопругата Јелена, но и неговите деца Стефан и Тара.
Додека се знае многу за животот на Новак и Јелена, тие двајцата решија да ги држат децата далеку од очите на јавноста што е можно повеќе.
Стефан го видовме неколкупати во публиката, следејќи го неговиот татко на турнири, но и на тениски терени. Сепак, Тара, која е родена во 2017 година, никогаш не е во јавноста, а Јелена секогаш се обидува да го покрие лицето кога објавува фотографии или видеа од неа на социјалните мрежи.
Сепак, странските папараци повремено успеваат да ги фотографираат нивните семејни моменти, а од приложеното е многу очигледно дека Тара е копија на Новак.
Еве ги нивните фотографии:
фото:PROFIMEDIA
извор:GLOSSY