МАЛАРИЧНИОТ КОМАРЕЦ ГО ИМАМЕ, СРЕЌА ШТО ЈА НЕМАМЕ БОЛЕСТА: Епидемиологот Стојанов за начините на прскање и заразните болести од комарците

Добивај вести на Viber

Иако Град Скопје најави дека во текот на викендов ќе се врши трета по ред авионска дезинсекција против возрасни форми на комарци, граѓаните ни оваа година немаат мир од овие инсекти. Велат дека дури и во попладневните часови, доколку седат во нивните дворови или на балконите, мора да се заштитат со средства против комарци за да не ги касаат.

- Едноставно не се седи, човек едно кафе не може да испие попладне во 6 часот, трева да се искоси, навистина се напаст. Тоа е огромен проблем. На местото на убодот цели чворови се прават. Ништо не ги спречува, ни средствата, аутан или што и да е, ниту пак облека. И преку облека касаат, велат во скопјани.

Во аптеките, како што потврдуваат за Фактор уште во текот на изминатиот месец, граѓаните почнале да побаруваат средства за заштита против комарци. Оттаму нагласуваат дека овие средтсва во изминатите години најмногу биле трошени во текот на летните месеци, кога луѓето одат на одмор во Грција, за разлика од последниве години, кога многу повеќе ги купуваат токму додека се во Скопје.

- Ги користат за време на прошетки покрај Кејот на Вардар или пак додека се искачуваат на Водно. Таму им се најпотребни, велат за Фактор аптекарите.

Епидемиологот, д-р Алрександар Стојанов посочува дека години наназад Центарот за јавно здравје го набавувал средството против комарци, но сега тоа е во надлежност на Град Скопје, односно Градот распишува тендер и тоа го прават приватни фирми.

- Најефикасно уништување на комарците е со теристичкиот начин, што значи од земја и Центарот за јавно здравје се уште е задолжен за овој начин на прскање, пред се бидејќи располага со апаратите кои се монтираат на возило пик ап. Но, секаде не може да се спроведе тоа, како што е Водно на пример, затоа се прска и со авиони. Многу години порано, средството против комарците се раствораше во нафта, беше многу поефикасно, бидејќи, нафтата лепи на листовите. Но, бидејќи не е еколошки, сега средството се раствора во вода. Пред да почнат овие активности, односно аерозапрашувањето и теристичкото прскање кои треба редовно да се спроведуваат од април, мај јуни, се до септември, па и октомври доколку е топло, се прави ларвицидна дезинсекција, додека комарците се во фаза на развој. Но, бидејќи ваквите активности се навистина скапи, ова често е прескокнувано, вели д-р Стојанов.

Истовремено вели дека во Македонија, одомаќенет е маларичниот комарец „анофелес“, но за среќа како што вели, болеста ја нема.

Продолжува на Фактор.мк