Мамо, сакам маска со Елза!

Добивај вести на Viber

Детски маски со ликови од своите најпопуларни јунаци понуди компанијата Дизни во три димензии, прилагодени за детски возрасти. На маските се наоѓаат ликовите на Мики и Мини Маус, на Ана и Елза од „Фрозен“, но и на бебето Јода и на јунаците од „Тhe Avengers“.

Компанијата „Дизни“ веќе донираше милион детски маски за ранливите заедници ширум САД, а профитот од он-лајн продажбата до 30 септември ќе оди за непрофитни групи кои се занимаваат со спречување на ширењето на корона-вирусот.