Марија е мајка на четири деца и една од најубавите жени на Балканот: Живее во Скопје, а се појави во Сараево и ги засени сите со својот холивудски стајлинг (ФОТО)
Вистинско холивудско издание е снимено на црвениот тепих на неодамна одржаниот филмски фестивал во Сараево. За тоа е одговорна Марија Худолин.
Таа на црвениот тепих се појави во заносен свилен фустан, во гламурозна зелена нијанса. Едноставната фризура направи убавата тоалета да се истакне уште повеќе. Плик чанта и златен накит беа последниот чекор што го направи нејзиниот стајлинг апсолутно совршен.
„Ми се чини дека црвениот тепих е некако полежерен оваа година. Се обидов вечерва да бидам малку погламурозна од вообичаено, исто како и претходните години, но мислам дека SFF оваа година е генерално во порелаксиран стил од порано. Сепак, во секој случај имаше одлични креации“, изјави Марија Худолин за „klix.ba“.
Со модното издание таа ги воодушеви своите следбеници на Фејсбук кои искомнетираа: „Кукла“, „Прекрасна си“, „Леле“, „Божествена, немам зборови“.
Во 1993-та година, Марија беше втора придружничка на натпреварот за Мис Сараево, нејзиниот роден град. На нејзиниот Фејсбук и Инстаграм профил пишува дека таа сега живее во Скопје, а таа и нејзиното семејство постојано ја менуваат адресата, па извесен период живееле и во Белград. Таа е мајка на четири деца, со сопругот ги има ќерките Софија, Пиа, Елизабет и синот Маркус.
Покрај тоа, таа е блогерка, а за мајчинството за „Телеграф.рс“ еднаш изјави: „Замислете го денот кога ќе го слушнете зборот „мама“ милион пати, кога ќе исечете 80 нокти од 80 прсти или кога работите ги правите во круг, по цел ден, како на лента за трчање. И пак ништо не би смениле во овој живот освен да го продолжите денот ако може... Морам да се пофалам дека организацијата е нашата силна страна. Кога имаш многу деца, точно знаеш кој што прави, што е чија одговорност и каков е нашиот дневен распоред. Секој нов член нема друг избор освен да се прилагоди“.
Извор: zena.blic.rs