Марија како Клеопатра пристигна на сцената, Мите со „Ја излези Ѓурѓо“ ги наежи сите присутни: Како се претставија Македонците во финалето?

Добивај вести на Viber

Вчеравечер се одржа финалето од музичкото натпреварување „Ѕвездите на Гранд“...

За титулата најдобар се бореа 16 кандидати од Србија, Босна и Херцеговина, Црна Гора и Македонија, кои по две години музичка борба влегоа во најтесниот круг, колку што поради пандемијата траеше оваа сезона, а публиката беше таа што одлучи кој ќе биде победник.

И оваа сезона победникот е од тимот на пејачката Марија Шерифовиќ. Според она што во финалето го изјави Саша Поповиќ, Махир Мулалиќ со околу 3.000 гласови повеќе го победи Исак Шабановиќ.


Во ова финале имавме и двајца Македонци, кои покажаа и докажаа зошто се дел од „Гранд“. Имено, Марија Груевска и Мите Стоилков со своите први настапи направија неверојано шоу.

Марија уште еднаш приреди спектакл, кога на сцената пристигна како Клеопатра, а за оваа прилика го ангажираше и нејзиното момче, кое беше помеѓу четирите мускулести момци кои ѝ беа поддршка на сцена. На изненадување на многумина, на сцената со нашата натпреварувачка излезе и кандидатката Зорја Пајиќ, која имаше задача да ја прекрие сцената со листови од рози. Со изведбата на неколкуте песни „Заблуда“ од Тони Цетински и Жељко Јоксимовиќ, „Месечина“ од Калиопи Букле, „Мјесечина“ - Дино Мерлин, „Писачу јој писма дуга“ - Чолиќ и „Месечина“ од Горан Брековиќ не ја остави публиката рамнодушна, па доби доволно гласови за оди во следниот круг. За жал, Марија го заврши натпреварувањето по вториот пресек и не се пласираше во топ 4.


Мите Стоилков, за разлика од Марија вчера се обиде уште еднаш да ги потсети Македонците зошто да гласаат за него. „Ја излези Ѓурко“ ечеше во студиото во Шимановци, а за време на изведбата на сцената го придржуваше и еден од најпознатите тапари во Македонија. Како втора песна ја отпеа „Волим осмех твој“, со која ги разигра сите присутни. Мите ова натпреварување го заврши како четврти, а со оглед на тоа што веќе еднаш го освои Балканот во „Ѕвездите на Пинк“, не е ни изненадувачки неговиот пласман.