Марија со стихови на Елена Ристеска на „Детска Евровизија“

Добивај вести на Viber

Скопјанката Марија Спасовска (13) ќе ја претставува Македонија на Детскиот Евросонг закажан на 25 ноември во Минск, Белорусија. Композицијата „Дома“ е дело на долгогодишните соработници, хитмејкерот Дарко Димитров (музика и аранжман) и поп-ѕвездата Елена Ристеска (тескт).

Марија Спасовска беше дел од актерите кои играа во мјузиклот посветен на Тоше Проески, „Тајно моја“. Во нејзината биографија се запишани дваесетина признанија, награди и дипломи од домашни и меѓународни фестивали. Минатата година имаше забележителен настап и на реномираниот „Славјански Базар“.