Маријана е „мајка одмаздничка“ која му пресуди на убиецот на нејзината ќерка Ана: Снимката од одмаздата и денеска ја шокира јавноста

Многумина изразија сочувство за нејзините мотиви, но сепак ја осудија нејзината постапка. Јавноста беше поделена за овој случај.

Маријана Бахмајер во јавноста стана позната како „одмаздољубивата мајка“ кога на 6 март 1981 година во преполната судница го уби Клаус Грабовски, сексуален престапник кому му се судеше за убиството на нејзината седумгодишна ќерка Ана.

Таа го застрелала со осум куршуми, а тој од здобиените рани почина на лице место. Овој случај ја потресе германската јавност, која подоцна внимателно го следеше судењето на Бахмајер. Се постави прашањето за оправданоста на нејзината одмазда за убиството на сопственото дете. Во врска со ова, таа е осудена на шест години затвор.

Овој случај остана запаметен како „најспектакуларниот случај на одмаздничка правда во германската повоена историја“, како што го опиша германскиот весник НДР.

Маријана Бахмајер била самохрана мајка која водела паб во западногерманскиот град Либек во 1970-тите. Таа едвај преживеала, но се обидела да се грижи за малата Ана, нејзиното трето дете. Две постари деца претходно ги дала на посвојување. Ана важеше за среќно дете, но нејзиното детство беше прекинато со трагедија - таа беше пронајдена мртва на 5 мај 1980 година.

Седумгодишното девојче тој кобен ден го напуштила училиштето, по расправија со нејзината мајка. Пронајдена во рацете на нејзиниот 35-годишен сосед, локалниот месар Клаус Грабовски, кој веќе имал криминално досие кое вклучувало и злоупотреба на деца.

Истрагата утврдила дека Грабовски со часови ја чувал Ана во својот дом пред да ја задави со најлонски чорапи. Потоа го сокрил телото на детето во картонска кутија и го оставил на брегот на блискиот канал.

Откако неговата вереница ја известила полицијата, Грабовски е уапсен истата вечер. Тој го признал убиството, но негирал дека го злоставувал детето. До денес останува непознато дали сексуално ја нападнал.

Својата одбрана ја засновал на тврдењата дека ја задавил Ана затоа што се обидела да го уценува. Тој изјавил дека девојчето се обидело да го заведе и се заканувала дека ќе и каже на мајка и дека ја малтретирал доколку не и даде пари.

Судењето на Грабовски предизвика неверојатна болка кај мајката, која повторно го преживеа страшниот настан. Неговите бранители тврдеа дека причината за ова монструозно злосторство е хормоналната нерамнотежа на Клаус. Имено, месарот неколку години претходно бил доброволно кастриран, а по постапката добил хормонска терапија. Во тоа време, сексуалните престапници во Германија честопати беа кастрирани за да се спречат повторување на злосторствата, но тоа не беше случај со Грабовски.

На третиот ден од судењето во Окружниот суд во Либек, Маријана извадила пиштол од чантата и осум пати го повлекла чкрапалото. Шест истрели го погодиле Грабовски и тој починал на подот од судницата. Според судијата Гунтер Кругер, кој разговарал со Бахмаерова веднаш откако таа го застрелала Грабовски, тој ја слушнал ужалената мајка како вели: „Сакав да го убијам“.

„Ми ја уби ќерката... Сакав да му пукам во лице, но пукав во грб... Се надевам дека е мртов“, изјавила Маријана веднаш по настанот. Непосредно пред убиството рекла дека сонувала момент на одмазда.

Следуваше судењето на Маријана за убиството на Грабовски. За време на судењето таа сведочеше дека го застрелала месарот во сон и дека во судницата се појавила визија на нејзината ќерка. Бахмајер рекла: „Го направив тоа за тебе, Ана“.

Поделеноста на јавноста во однос на овој случај и казната најдобро ја покажува истражувањето на Институтот Аленсбах. 28 отсто од Германците сметаат дека на Маријана и е изречена соодветна казна, 27 отсто сметаат дека е престрога, додека 25 отсто сметаат дека таа требало да биде осудена на потешка казна.

По отслужувањето на половина од казната, Маријана излегла од затвор во јуни 1985 година. После тоа, таа се преселила во Нигерија, каде што се омажила и останала до 90-тите. Следувал развод од нејзиниот сопруг, по што таа се преселила на Сицилија, каде останала додека не ѝ бил дијагностициран рак на панкреасот. Не долго после тоа, таа се вратила во Германија. Таа почина на 17 септември 1996 година, а е погребана до нејзината ќерка Ана.



Фото: Youtube - screenshoot

Видео: Yotube/Твитер