Марјана Станојковска - македонската барбика: Во розев мини фустан познатата водителка ѝ се придружи на „Барби“ треската

Добивај вести на Viber

Нашата најпозната водителка Марјана Станојковска се појави синоќа на премиерата на филмот „Барби“ во Синеплекс киното.

Марјана се појави облечена во розев мини фустан со светки кој го истакна нејзино згодно тело, а нашата убава лото девојка потести на барбиките со кои некогаш веруваме дека и таа како мала си играла.




Инаку цел свет се тресе од Барби треската, а омилената русокоса од Малибу на сите времиња оживува на големото платно во новиот филм во кој глумат Маргот Роби и Рајан Гослинг како Кен.

Не само што сите побрзаа да го гледаат новиот филм во кино, завладеа модна опсесија со Барби, па розовите фустани се апсолутен моден хит во соседството, остатокот од Европа и Америка. Гледаме голем број познати дами во стилови кои и оддаваат почит на убавицата од Малибу, од Ева Лонгорија, преку Антонела Рокоцо, до фантастичната жена која ја оживеа на големото платно, Маргот Роби.

Светките се хит ова лето, а со Барби розовата нијанса и крој што ја истакнува нејзината фигура, нема сомнеж дека таа целосно го закова модниот аспект.


Фото:Инстаграм принтскрин