Марк Ентони револтиран од Џеј Ло: Нашите деца уште не се опоравиле од заминувањето на Алекс, а мама веќе има ново момче

Веста дека Џенифер Лопез (51) и Бен Афлек (48) ја обновиле својата стара љубов, и повторно уживаат во романсата, ги израдува обожавателите прилично, а се чини дека парот ќе продолжи таму каде што застанаа во 2004 година, кога тие ја раскинаа веридбата.

И покрај фактот дека папараците го следат секој нивен чекокр, поминуваат многу време заедно, а изворите тврдат дека имаат сериозни планови за во иднина, ниту еден од нив јавно не ја коментирал нивната врска или не објавил заеднички фотографии на социјалните мрежи.

Но, и покрај тоа што Џен и Бен молчат за својата љубов, се чини дека нејзиниот поранешен сопруг Марк Ентони има повеќе од јасен став за сето ова. Ако се верува на пишувањето на „Closer UK“, латинскиот пејач не е воодушевен од новата романса на неговата поранешна сопруга.

"Марк е загрижен за Џенифер. До пред помалку од два месеци беше свршена со Алекс Родригез, а сега го сака Бен. Тој е загрижен за нејзиниот брз влез од врска во врска, особено затоа што ги вклучува нивните деца во сè. Алекс беше во последните четири години голем дел од животот на Ема и Макс и близнаците сè уште се обидуваат да се помират со фактот дека тие повеќе не се семејство, а мајка им веќе најде ново момче“, истакна неименуван извор за споменатото списание.

Познатата убавица и Марк наводно разговарале за тоа кога папараците ги фотографирале на заеднички ручек пред неколку дена.

Да потсетиме, Афлек беше виден пред неколку дена во друштво на 12-годишните близнаци на Џеј Ло и се чинеше дека добро се забавуваат. Сепак, магазинот „Нова идеја“ пишува дека Ема и Макс сè уште се обидуваат да разберат што се сменило.

„Ема и Макс се многу чувствителни деца и во последните неколку години се приврзаа многу со ќерките на Алекс Родригез со кои практично живееја под ист покрив. Сè е сè уште многу свежо и тие сè уште се навикнуваат на ситуацијата кога изгубија две сестри преку ноќ., па им треба време да го запознаат новото семејство кај децата на Бен и воопшто него“, рече изворот, коментирајќи ги наводите дека новопечениот пар планира наскоро да се сретнат со децата.

Да потсетиме, додека Џенифер од бракот со Ентони ги има споменатите близнаци, додека Афлек се ожени со Џенифер Гарнер и од бракот со неа ги имаше трите деца - ќерките Виолет (15) и Серафина (12) и синот Самуел (9).


Бакнежот конечно уловен: Откако светот дозна дека Џенифер Лопез и Афлек повторно се заедно, сите го чекаа ова

Моден неуспех: Џенифер Лопез покажа како можете да уништите совршен летен стајлинг со обувки (ФОТО)