Моден неуспех: Џенифер Лопез покажа како можете да уништите совршен летен стајлинг со обувки (ФОТО)

Добивај вести на Viber

Бохо-изданието на латино дивата, кое лесно можеше да биде модна инспирација за жените ширум планетата, се претвори во неуспех поради несреќниот избор на обувки.

Најфотографираната жена на планетата има право да погреши, а Џенифер Лопез тоа дефинитивно го направи со едно од последните изданија.
Познатата пејачка и актерка беше „уловена“ од папараци во издание кое дефинитивно можеше да биде и подобро.

Минатиот викенд, Џеј Ло беше видена во Беверли Хилс како влегува во бутик „Ралф Лорен“ со нејзиниот син Макс, а латино-sвездата за таа пригода избра многу лелеаво и лесно летно издание.

Станува збор за комбинација на облека во знакот на бохо стилот, која се состои од макси здолниште кое изгледа како направено од различни парчиња фармерки и е совршена комбинација на контрастни нијанси со краток бел топ.

Пејачката, многу соодветно, ја зеде светло сината тексасна чанта на модната куќа Валентино со оваа комбинациј. Станува збор за модел Rockstud Matelassé со златно синџирче, што е одличен избор во комбинација со златните очила за сонце со големи димензии.

Сепак, пејачката не одлучи да го искомбинира стајлингот со бохо сандали за едно вакво практично и убаво летно издание, туку облече - кратки чизми! 

 Џеј Ло се одлучи за модел, создаден во соработка помеѓу Тимберленд и Џими Чу. 
Вакви кожени каубојки секако се дискутабилни кај модните критичари бидејќи секогаш треба внимателно да се комбинираат, а и кај голем дел од женската популација не се омилени.

За жешкиот ден во Лос Анџелес и во комбинација со типичен летен изглед, несомнено можеше да избере нешто друго наместо чизми и да изгледа неспоредливо подобро.

извор:GLOSSY
фото:PROFIMEDIA