Најнова студија за коронавирус покажа: Маските блокираат големи капки за 99,9%

Добивај вести на Viber

Маските за лице го намалуваат ризикот од ширење големи капки за 99,9% поврзани со опасноста од ширење на коронавирус кога човек зборува или кашла, покажа една студија, чии резултати ги објавија научниците во средата.

Жена во исправена положба на два метра од маж кој кашла без маска е изложена 10 000 пати повеќе на ширење на капки што потенцијално го носат вирусот, пишува списанието Royal Society Open Science.

„Несомнено е дека маските за лице можат значително да ја намалат дисперзијата на капките што потенцијално го носат вирусот“, изјавил за Франс Прес водечкиот автор на студијата Игнасио Марија Виола,од Универзитетот во Единбург.

Авторите на студијата велат дека капките што се исфрлаат како проектил кога луѓето зборуваат или кашлаат, а потоа паѓаат на земја поради гравитацијата се главниот двигател на трансмисија на вирусот Sars-CoV-2.

Помалите, пофини капки, кои го сочинуваат аеросолот, можат да останат во воздухот долго време и да претставуваат ризик, особено во затворени, слабо проветрени места, без струја на воздух, и кога луѓето не носат маски или не ги носат погрешно, под носот.

Универзалното носење маски ќе го намали бројот на смртни случаи во светот за 40 000 до 1 април.

„Постојано издишуваме цела низа капки, од микро до оние од милиметар“, а некои паѓаат на земјата побрзо од другите, во зависност од температурата, влажноста и особено струите на воздухот, додаде научникот.

Студијата е концентрирана на честички поголеми од 170 микрони во дијаметар, околу два до четири пати поголеми од човечката коса.

Аеросолните честички се помали од 20 до 30 микрони.

„Во нашата студија, за поголемите капки што ги измеривме, зборуваме за намалување од 99,9 проценти“, нагласува Игнацио Марија Виола. Универзалното носење маски ќе го намали бројот на смртни случаи во светот за 40 000 до 1 април, објави Институтот за здравствена метрика и проценки од Сиетл во Вашингтон. 

Центарот за контрола и превенција на болести од Вашингтон вели дека маските не само што ефикасно блокираат поголеми капки, туку можат да блокираат и фини капки и честички, кои обично ги опишуваме како аеросол, пренесува AFP. Вирусот САРС-CoV-2 што ја предизвикува болеста ковид 19 во дијаметар е околу 0,1 микрони.


Извор: https://www.detinjarije.com/

Фото: Freepik.com