Маските ќе ги носиме и следната зима: До кога ќе трае борбата со корона?
Постои можност носењето на заштитни маски следната зима да биде неопходно во одредени услови, за да продолжи одбраната од зараза со вирусот корона, изјавил главниот научен советник на Владата на Велика Британија Патрик Валанс.
-Можеби следната зима ќе биде неопходно да имаме мерки како што се носење на маски во одредени ситуации- рекол Валанс пред новинарите во Лондон.
Водечкиот американски експерт за инфективни болести доктор Ентони Фаучи изјавил завчера дека постои можност Американците да мора да носат маски и во 2022 година, но тие мерки на воведување поради ковид 19 ќе бидат се поблаги поради напредување во кампањата на вакцинација.
Фото: freepik.com
Може да ве интересира:
Ќе исчезне ли некогаш короната: Оптимистички прогнози, но и најлоши сценарија