Масовна забава во Вухан-епицентарот на Ковид-19: Никој не ги почитува мерките за заштита

Во градот кој се прослави под несреќни околности, како епицентар на коронавирусот, Вухан, викендов се одржала масовна забава на отворено, а според фотографиите и снимките не се почитувало ниту физичко растојание, ниту се носеле заштитни маски.

Поминаа повеќе од осум месеци откако беше пријавен првиот случај на коронавирус. Иако страшните последици од епидемијата сè уште се чувствуваат во градот каде сето тоа започна, жителите на Вухан изгледа се обидуваат да забораваат дека вирусот сè уште трае.

За време на викендот, водениот парк во Вухан беше полн со луѓе. Се одржа забава на отворено, а како што изгледа од фотографиите и снимките, не се почитуваше мерки за претпазливости и превенција од ширење од вирусот.

Ова се некои од видеата и фотографиите од Вухан кои се шират на социјалните мрежи: