Маж сакаше да ја напушти сопругата: Нејзините зборови го спасија нивниот брак

Пред да се омажи за него, Надија била атлетски градена и убава девојка, но годините си го направиле своето . . . 

На интернет можеме да најдеме безброј различни приказни во кои мажите, како што стареат, наоѓаат млади љубовници. Секој од нив е несреќен на свој начин.

Сепак, оваа приказна има среќен крај. Оваа приказна ја раскажува маж кој сакал да ја напушти сопругата, но тој повторно се заљубил во неа.

Неодамна тој (Михајло) ја раскажа својата приказна на една забава и ја сподели со присутните својата интересна и поучна приказна.

Со текот на годините и нивното живеење заедно, сопругата на Михајло, Надија, родила три прекрасни сина. Момчињата се веќе големи. Најмладиот е 9 одделение.

Пред да се омажи за него, Надија имала убаво тело и била многу убава девојка. Иако успеала да се опорави од породувањето, сепак со нејзините години повеќе таа не била истата жена во која се вљубил Михајло.

Кај него годините му се одразиле многу поповолно и со секоја измината година станувал се попривлечен. Жените му се лепеле како муви на мед. Дури и во неговата младост, немал толку големо внимание од понежниот пол.

И како што се очекувало - во еден момент тој фатил љубовница. Едно попладне тој само одлучил да и признае на својата сопруга и да го напушти семејството. Михајло почекал да излезат децата од домот и да отидат на училиште и започнал тежок разговор.

И покрај својата решеност, Михајло никогаш не можел да и каже на Надија за другата жена. Нешто одвнатре не му дозволувало да ја каже вистината. Можеби тоа било заради убавите спомени или фактот дека неговата љубов кон Надија сè уште е жива.

Па, тој само и рекол дека неговите чувства веќе се ладни и дека решил да започне нов живот. Но, Надија не била глупа, разбрала се’! Таа молчела околу 5 минути и решила да му каже неколку важни работи пред да го изгуби засекогаш.

„Знаеш, сфаќам дека повеќе не се грижам за себе и ја изгубив претходната привлечност. Годините исто така влијаеја на мојот изглед.

Те сакав толку многу што се согласив да живеам со тебе во тешки услови. Честопати, парите не стигнуваа до нас, а овие работи придонесоа за губење на мојата убавина и младост.

Среќна сум, што со тебе имам деца. Не знам дали некоја друга жена ќе те сака толку многу, да се согласи да биде со тебе и во најтешките моменти, а не само кога си на врвот на кариерата.

На крај, сакам да ти кажам дека  се уште те сакам, и сеуште се согласувам да живеам во било какви услови, само да бидам до тебе“, признала Надија.

За Михаил овие зборови дошле како гром од ведро небо и го погодиле право во срце. Во тој момент се сетил дека другите жени започнале да пројавуваат интерес за него, дури  откако тој се искачил на некое ниво во својата кариера и кога започнал да заработува повеќе пари.

Но, дали некоја друга ќе сака да ги сподели и тешкотиите со него? Дали некоја друга ќе верува во него како што некогаш верувала неговата сопруга Надија?

Стоел, молчел и размислувал. Потоа ги погледнал очите на неговата сопруга и повторно се вљубил во неа.

"Само сакав да те натерам да размислиш повторно за себе, Надија. Излезе дека сакам да те обвинам. Прости ми! Јас сè уште те сакам", и рекол Михаил.

Поминало една година од овој искрен разговор. Михаил се обидува почесто да патува со сопругата, редовно ја изненадува со цвеќиња и други подароци.

Надија цвета буквално.

Михајло, од друга страна, изгледа смирен и посреќен. Повеќе нема убави девојки околу него. И кога некој ќе биде во искушение да проба со него, тој брзо ја става на свое место.