Мажите ги вовлекоа во пеколот на дрогата и алкохолот: Славни пејачки кои го допреа дното поради зависноста

Добивај вести на Viber

Во светот на славните зависноста од дрога, алкохол и таблети е премногу честа. Додека мал број од нив ги избегнуваат пороците, голем број потклекнуваат пред нив, по што ја запоставуваат кариерата и се останато престанува да им биде важно.

Ејми Вајнхаус поради тешка зависност го загуби животот на само 27 години, што беше огромен шок за обожавателите низ светот. Уште во 2005 Ејми беше вљубена Блејк Фајдел Цивил кој буквално ја повлече на дното, парот постојано беше во центарот на вниманието по кавгите и бурните ноќни лудувања. Нејзиното тело беше пронајдено во нејзиниот стан во средината на 2011 година. По обдукцијата беше установено дека смртта настапила по труње со алкохол. 

По филмот „Родителска стапица“ Линдзи Лохан стана вистинска детска филмска ѕвезда. Пред неа беше одлична актерска кариера, која подоцна беше ставена во втор план поради зависноста и бројните инциденти. Па ако некогаш важеше за омилено лице во тинејџерските филмови, нејзината кариера заврши пред да наполни 30 години, а постојано беше и на суд поради возење во пијана состојба. Сепак, на крајот успеа да се извлече од тешката зависност, денес е среќна и го чека своето прво дете. 

Пејачката Витни Хјустон пробала дрога уште како тинејџерка а на овој порок ја навлекол нејзиниот брат. Продолжила да користи дрога и со нејзиниот прв сопруг Боби Браун. Во една прилика Боби изјавил дека тие пиеле и се дрогирале премногу. Постојано се карале а уште повеќе се сакале. - Се исчистив многу пред неа - веќе бевме разведени. Таа беше силна жена. Таа навистина се бореше да си го спаси животот. Во тоа време имав сила за себе - како зависник, требаше да се спасам самиот за да можам да спасам некој друг... За жал, раскинавме додека се обидував да се пронајдам себеси - се присети тој по нивниот развод. Хјустон почина на 48-годишна возраст. Обдукцијата покажа дека во моментот на смртта таа имала големо количество на кокаин во нејзиното тело. 

Деми Ловато заврши во болница поради предозирање во јули 2018 година по бурна забава во нејзината палата. Пејачката едвај преживеала, доживеала три мозочни удари и еден инфаркт, а по тој настан таа цврсто одлучи да ги преземе уздите на животот во свои раце и да се оттргне од пороците. Денес, за себе вели дека е на добар пат. Иако истакна дека е целосно излечена од зависноста, неодамна сепак призна дека се уште консумира алкохол и марихуана, што ја налути јавноста. Сепак по изјавата таа нагласи дека не сака да влијае на луѓето кои се борат со зависноста. 

Кели Озборн во една прилика призна дека нејзината зависност започнала како тинејџерка кога почнала да експериментира со дрога и алкохол, а за се јавно проговори во 2019 година. - Не мислев дека можам да направам ништо ако не сум пијана или издрогирана бидејќи се плашев од се, изјави тогаш пејачката. Таа не крие дека имала тешко минато, а нејзината борба со зависноста и својата болест ја опиша детално во своите мемоари „There's No Fu**ing Secret: Letters From a Badass Bi***“. 

 И Дру Баримор почнала да се дрогира многу рано, имала само девет години кога почнала да пуши цигари. До тринаесет години веќе била алкохоличар и редовно користела кокаин, а еднаш била и на рехабилитација. На петнаесет години успеала да се ослободи од дрогата, оттогаш нејзината кариера како актерка почнала да се движи во нагорна линија. 



Фото: Инстаграм

Извор: стилкурир