„Ме боли мозокот“: Фотка од девојче која никому не му е јасна, сите мислат дека е фотошоп, но дали вие гледате за што се работи

фото:Reddit

Првиот поглед на фотографијата веднаш ќе ја доведе во прашање нејзината автентичност затоа што е невозможно девојче да ѕирка од бетонот. Значи мора да е Фотошоп, но не е.

Фотографијата од девојче која на прв поглед се чини дека извира од бетон стана хит на социјалните мрежи.

„Каде е остатокот од телото? пишува покрај фотографијата што беше објавена на Редит пред две недели, а потоа се прошири и на другите социјални мрежи. Сомнежот дека фотографијата е фотошопирана и дека станува збор само за аголот од кој се набљудува истата, веднаш беше отстранет.

„Мозокот ме боли ... Не сфаќам што е во прашање“, пишуваат корисниците на Твитер, но имаше и такви кои забележаа за што станува збор.

Дали вие гледате за што станува збор?

Ако сè уште се борите со наоѓање на одговор, еве го решението. 

Девојчето стои пред камен ѕид, но фотографијата е направена од агол, така што изгледа како горниот дел од телото да ѝ „извира“ од бетонот.

извор:zena.blic.rs