Ме чуди тоа што кога ќе дојде финалето на „Ѕвездите на Гранд“, луѓето од Македонија воопшто не гласаат за своите: Искрено интервју со Ѓорѓе Давид

Добивај вести на Viber

Неговото име и презиме сигурно го знаете доколку сте љубители на рок музиката, а доколку не сте, особено актуелен стана од 2018 година кога му се приклучи на натпреварувањето „Ѕвездите на Гранд“. Ѓорѓе Давид Николиќ на професионално поле е неверојатен пејач и актер, но и посветен ментор додека во приватноста е посветен сопруг и татко кој би жртвувал сѐ за своето дете.

Специјално за Женски магазин ја отвори душата – раскажа за своите музички почетоци, за изборот на музичкиот правец, се осврна и на музичкото натпреварување во кое е дел од жирото, зборуваше и за наклонетоста кон кандидатите кои доаѓаат од Македонија, го искоментира доаѓањето на Светлана Цеца Ражнатовиќ во жирото, а најважно од сѐ ни откри и каков е приватно.

Иако сите во семејството се доктори, банкари и правници, токму членовите на семејството го откриле талентот на Ѓорѓе Давид.

- Практично, уште од периодот на адолесценција, кога бев дете, на славите и прославите, родендените во семејството и така натаму секогаш ме викаа. Во тие некои ситуации секогаш од грамофините се пушташе некоја музика и потоа јас пеев. Во тоа време од домашните изведувачи тоа беа Чолиќ, Мики Евремовиќ, Ѓорѓе Маријановиќ, Драган Мијалковски, Оливер Драгојевиќ, а од странските тоа беа Том Џонс, Стоунс, бендовите Свит, Слејд, Квин, Дип Прпл, Фор ин д џрни. Така што тоа се отприлика некои работи кои од мали нозе во моето семејство се негуваа, кога бев јас во прашање, бидејќи открија дека сум талент, иако во семејството сите се доктори, банкари и правници.

Генетиката е виновна кога е во прашање неговиот талент за музиката.

- Рок музиката се слушаше во мојата куќа. Мајка ми и татко ми го слушаа тоа. Татко ми покоен беше роден 1925, мајка ми 1940 година, но без оглед на тоа, рок музиката се слушаше онака од сите сили. Татко ми беше курир во Втората светска војна, но без оглед на тоа тој не подлегна на ниту една друга музика во животот, туку на народната музика. Тој беше од музичко семејство, а беше апсолутен антислухист, а мајка ми беше сериозен слухист и мислам дека во генетска смисла тоа е повлечено директно од мајка ми и некакви корени од семејството на татко ми. Тоа некако најдобро се слопи кај мене, така што како што велам од мали нози почнав со тоа пеење.

На музичко поле, публиката најдобро го запознава откако станува член на бендот Генерација 5.

- После тоа се појавува грипата „Вориорс“ и заминувам во Канада каде снимаме плоча и каде веднаш почнавме да работиме големи концерти, бидејќи бевме навистина атракција. Тапанарот на групата, Раша во тоа време беше тапанар и во нашата група, во која беа два членови од тогашна Југославија - гитаристот Зоки Коњевиќ и јас, меѓутоа групата по година дена се распадна. Јас со неполни 17 години се враќам назад во Србија и почнувам сериозно да се занимавам со кошарка, а потоа лесно влегувам во она што се вика глума, се запишувам на глума. Со музиката и понатаму продолжувам да се занимавам, тогаш ја имав својата група „Графити“. Паралелно додека бев студент на глума, јас учествував на тогашниот меѓународен фестивал, најголем на територијата на Балканот, кој се викаше „МЕСАН“, скратеница од меѓународен фестивал. По завршувањето на глумата се појавувам и на фестивалите „Белградска пролет“ и фестивалот Загреб. Тогаш фестивалите беа сериозна работа и сериозен расадник на таленти, за во оној момент кога се распадна таа голема земја да станам член на Генерација 5. Публиката тука ме запознава малку подобро. Од 2001 година практично повеќе не сум член на Генерација 5, ја имам групата со која работам и ден денес, во меѓувреме го менувавме името - прво бевме „Генг“, сега сме „DEATH SAW“. Дел од бендот е и Александар Митровиќ Томи кој е гитарист и аранжер и композитор. Тоа е некоја приказна која практично трае 20 години и оваа година ни е јубилеј, кога ќе правиме и промоција за два албуми кои ги издадовме за една година - едниот е регуларен студиски албум, а другиот албум е нашиот прв лајв албум во животот, кој е направен заедно со Ивана Петерс, како гостинка.

Успеси има и на актерско и музичко поле, но лично смета дека музиката му има дадено повеќе.

- Можам да одвојам успех и во глумата и во музиката, но мислам дека музиката ми даде повеќе, кога е во прашање во прашање идентитетот, кога е во прашање емоцијата, кога е во прашање ангажманот. Како да ви кажам, во рок’н’рол музиката секако постои суета, но во многу помала големина, отколку во глумата. Во светот на глумата има кланови во Србија и тоа се сериозни кланови, кои се полоши од било кои политички кланови, јас би го споредил тоа со мафијашките кланови. Нема шанси некој друг од страна да влезе, доколку не е во тој клан. Ако треба да влезе во тој клан, тој отприлика е проверуван на 1001 начин. Меѓутоа, кога е музиката во прашање, работите одат во еден поинаков тек, во музиката сепак постои шанса за ти сам некако да ја изведеш таа приказна и ако си доволно квалитетен ти нема да имаш проблем во таа смисла. Секако дека постојат подметнувања, секако дека постојат оние приказни кои се викаат ми работи некој зад грб, но како да ви кажам, јас сум човек кој во такви работи е подготвен да биде и агресивен. Откако ја добив ќерката јас на сите им велам и ги предупредувам од напред дека ако дознаам дека некој ми работи зад грб, ќе мора да биде физички посилен од мене, бидејќи со тоа не ми влегува на мене во џеб, туку влегува во џебот на моето дете, а тука немам емоции, тука сум многу ригорозен и многу агресивен.

Неговото приклучување на жирото во „Ѕвездите на Гранд“ допринесе за рок’н’рол музиката да се слушне на таа сцена.

- Па по логика на работите, кога во жирото ќе повикаш некој кој е од рок музиката, треба да очекуваш дека рок музиката исто така ќе се појави во рамките на тоа. И јас добив апсолутно отворено врата, односно дозвола од продукцијата и Саша Поповиќ пред сѐ да можам да се занимавам со кандидатите на тој начин, дека едноставно ќе им давам за задача и рок и поп музика. Така што многу допринесов за промената на тие некои трендови кога се „Ѕвездите во Гранд“ во прашање, но исто така морам да кажам дека некои песни кои се од 60-тите и 70-тите години, некои песни кои што би се кажало дека се евергрини, многу храбро им ги зададов на тие млади луѓе, кои никогаш не ги слушнале тие песни да ги изведуваат.

Сметам дека тоа е сериозна библиотека - сѐ она што Екс Ју го даваше, почнувајќи од групата Леб и сол, Влатко Стефановски, Драган Мијалковски, од некои стари преку некои работи кои се случуваа на фестивалот „Белградската пролет“, на фестивалот Загреб во текот на 60-тите и 70- тите и 80-тите години, дека тоа е нешто што е музика и дека тоа е нешто што не смее да се заборави. 90-тите донесоа, покрај тоа што следуваше војна, сериозен чекор на квалитетните квалитативни кога е музиката во прашање. Почнаа да се слушаат некои пејачки кои немаат никаква смисла ниту било каква идеја. Сѐ што се случуваше тогаш, во 80 проценти од случаите немаше никаква смисла и никаков вкус. Директорите на телевизиите тогаш се забавуваа со некакви пејачки кои ниту пееја ниту изгледаа. Изгледаа гротесктно и со самото тоа што се забавуваа со уредниците или дикреторите на телевизиите, тие добиваа простор кој реално не им припаѓа и тоа многу го унакази музичкиот пласман. Меѓутоа, она што е квалитет секогаш до публиката го наоѓа патот. Така што големите работи во рок’н’рол и поп музиката се случуваа на територијата на Босна, Хрватска, Србија во тоа време. Државите кои најмногу трпеа во таквата распределба во приказната се всушност Македонија и Црна Гора.

Драган Стојковиќ Босанац и Вики Миљковиќ со сопругот му помогнале многу околу разбирањето и изучувањето на народната музика.

- Мене дополнителна главоболка главоболка ми направи народната музика, бидејќи знаете да седите покрај Драган Стојковиќ Босанац, покрај Снежана Ѓуришиќ, Ана Бекута, Вики Миљковиќ, па и Марија Шерифовиќ, бараше многу сериозно да се посветам на слушањето на народните песни, од проста причина да знам што оценувам, бидејќи тие тука се неприкосновени. И тука Босанац најмногу ми помогна, морам да признаам, бидејќи несебично ми објаснуваше некои конкретни работи и секако Вики Миљковиќ. За неа можам да кажам дека ми стана и единствена личност од жирито со која имам обичај многу често да се видам и да поразговарам, со неа и нејзиниот сопруг. Но, ви велам влегувањето во жирито ми направи уште дополнителна задача, така што морав да влезам и во таа приказна, меѓутоа тие „каскаат“ зад мене, тие не влегоа за да чујат баш онака како што треба, кога е поп и рок музиката во прашање. Сега почнав да внесувам некои работи кои се во тренд, кои во овој момент се во трендот не само во светот, туку и кај нас на Балканот. Некако тој интернет е конечно ускладен. Она што во овој момент го прави Зое, Бресквица, Едита Арадиновиќ, Ангелина, Сара Јо, Реља и да не ги редам сега, истото го прават сега некои млади луѓе таму преку океанот, со тоа што според моето скромно мислење е дека ние сме во квалитативна смисла, особено кога се вокалите во прашање сме многу пред светот. Ајде да бидам скромен многу пред Европа.

Дека има посебна наклонетост кон кандидатите од Македонија, но и македонската музика говори и неговиот став дека иако сме мали, сепак имаме големи таленти.

- Подоцна ќе се испостави не само низ натпреварувањето „Ѕвездите на Гранд“ туку генерално дека тоа беше неправедно, бидејќи некаде тие таленти стоеја и потоа одеднаш излегоа. Јас само ќе кажам кога е женската екипа во прашање ги имате тука Каролина Гочева која прва излета, па Тијана Дапчевиќ, па Калиопи која се врати, Елена Ристеска која исто така е еден бисер кој Македонија го има, за Тоше е веќе глупаво да се трошат зборови. Но, и низ ова натпреварување се случи да се покаже дека Македонците имаат во младите луѓе, како девојките така момчињата, неверојатно квалитетна екипа која добро работи, а кога е Црна Гора во прашање тоа е јасно, се гледа од авион. Меѓутоа она што е проблем со помалите држави кои настанаа по Поранешна Југославија, тука пред сѐ мислам на Македонија и Црна Гора, ми изгледа дека не посоти никаква идеја од страна на политиката и економијата на тие земји да се направи некаква телевизија или некоја издавачка куќа или продукција во чии рамки тие млади луѓе би биле пласирани. Јас ви тврдам и потпишувам дека Македонија има толку богатство во тие млади вокали, јас ќе ги споменам своите од оваа година, ја имав Ивана која фантастично пее народна музика, како македонски традиционал, така традиционалот од целиот Балкан, ја имав Валери која е Велес, уште ги имам Андријана Петрушевска и Омар Џаферовски од Скопје, оваа година ќе се врати и Александар Јосифовиски иако уште не е сигурно потврдено. Кога би постоела варијанта да издавачката куќа или продукцијата од Македонија ги пласира тие луѓе на Балканот мислам дека тоа би било и те како бериќетно и за економијата на оваа земја и за она што се вика понуда на вашите национални телевизии и на телевизиите кои немаат национална фрекфенција. Имам впечаток дека се врти едно исто, во некои од минати сезони ги имавте Грујевска, Мими Јовановска, Мите - тоа се луѓе кои својата работа неверојатно ја работеа, кои оставија печат.

Особено го лути фактот што македонската публика не гласа кога ќе дојде финалната емисија од музичкото натпреварување.

- Има многу добри пејачи од Македонија, повторно велам како да не се обрнува доволно внимание на нив, а она што најмногу ме чуди е тоа што кога ќе дојде финалето на „Ѕвездите на Гранд“, луѓето од Македонија воопшто не гласаат за своите, како да ви е тешко да земете да го свртите бројот на телефон и да гласате за некој вас сограѓанин, кој треба да добие ветер во грб и кој знамето на Македонија високо кренато го носи целата година низ тоа натпреварување. Мислам дека тоа е неправда кон тие млади луѓе, а сето тоа чини знаете. Чини да се седне во автомобил да се дојде таму, чини да се биде 3-4 дена таму, треба да се јаде, пие, секој пат треба поинаква облека итн. Мислам дека општините, градовите и државата би требало да застанат зад малдите луѓе кои се талентирани и кои не се во можност сето тоа така да го изнесат на своите плеќи. Мислам дека Македонија има подеднаков потенцијал како Босна и Херцеговина, меѓутоа за разлика од Македонија, Босна и Херцеговина е држава која за своите гласа без никакви проблеми, а Македонија како да спие, како да не го сакате тоа што вашите луѓе се толку добри, како да им завидувате, напротив треба да им дадете ветер во грб и со тоа на еден многу сериозен начин ја кревате Македонија на едно повисоко ниво.

Со сите членови од жирото е во добри односи и како што вели, со нив поминува и повеќе време во годината, отколку со домашните.

- Сите ние сме во многу добри односи и сите сме тука поради една едниствена задача, а тоа е да најдобрите ги доведеме до финале. Кога ќе кажам дека сите сме во многу добри односи, зборувам во рамките на она што се случува во натпреварувањето, бидејќи приватно никој од нас нема време за дружење. Не да се дружиме помеѓу себе, ние немаме доволно приватно време ни за своите најблиски, а не за некое дружење кое е надвор од жирирањето. Сакал или не, ти си во ситуација во текот на годината да имаш време како зачада кое треба да го поминеш со членовите од жирито, повеќе отколку што поминуваш со своите домашни. За секоја епизода која ја гледате, снимањето трае еден ден и тоа е сериозен психички и физички напор, кој го вложуваш, бидејќи секој од нас многу сериозно и сконцентрирано го слуша секој кандидат, без разлика на тоа дали е помалку добар или фантастичен. Едноставно, ние сме одредени од страна на Поповиќ да седиме таму, од проста причина што тој верува во нас, во нашиот суд, во нашиот вкус и во нашето знаење. Според тоа, велам уште само приватно да се дружиме, тогаш слободно би можеле да се ородиме помеѓу себе, па тоа да го завршиме како што треба. Но, ви велам, сите прво сме свесни за тоа дека сме тука на задача, а потоа сме свесни дека треба да бидеме конструктивни, така што сакале или не ние сме многу океј, многу се почитуваме едни со други, бидејќи секој зад себе има некоја биографија - некој малку подолга, некој малку пократка, некој малку поголема, некој малку помала, но имаме сериозни биографии кои нѐ кандидираат да бидеме тука каде што сме.

Откако Цеца стана дел од жирото на „Ѕвездите на Гранд“, Ѓорѓе открива дека гледаноста скокнала за 45 пронцети во однос на минатата година.

- Цеца е некој кој од првата емисија инсистираше на една реченица, а тоа е дека ова е шоу програма која треба да биде семејна, дека ова е шоу програма за ширикота народна маса и дека ова е нешто што по дифолт од самиот почеток беше приказна во рамките на која ченовите на семемејствата од сите години и сите возрасти седнуваат покрај телевизорите во своите станови и ја гледаат. На почетокот ми беше чудно зошто го повторува тоа постојано, а потоа кога гледаноста скокна за некои 45 проценти во однос на минатата година сфатив. Останав шокиран, мислев дека таа гледаност што ја имаме е самата по себе одлична што и е и дека не може повеќе. Нејзиното доаѓање, всушност доведе до тоа да видиме дека може. Јелена имаш некоја своја конотација во целата таа приказна и своја тежина, Цеца има своја конотација и своја тежина и едноставно во таа некоја приказна таа ја подигна варијантата што е повторно показател за многу добриот осет на Саша Поповиќ, кој го осети тоа некој момент, како што го осети моментот дека мене треба да ме внесе во шоуто, да внесе некој кој е потполно „див“, некој кој нема никакви блискост со народната музика и повторно излезе дека направи добра работа.

Според него на Балканот во моментот има две светски ѕвезда – едната е нашата Лина Пејовска, а другата е Илма Карахмет, девојката од Босна и Херцеговина, која пред неколку години ги освои сите на „Х-Фактор“.

- Слушнав дека и овде во Македонија имате неверојатни млади луѓе кои го следат тој нов тренд во музиката, ете ќе кажам една од нив која беше кај мене, тоа е Валери од Велес, но по мене имате една светска ѕвезда. Сериозно ви го велам ова, тоа е Лина Пејовска. Мислам дека таа е вид на вокал која било каде во светот ќе направи бум. Јас топло се надевам дека оваа година нема да ѝ излезе албумот. Колку што успеав да видам, воглавно работи со Дарко Димитров, нејзините песни се пеат во натпреварувањето, но бидејќи албумот не е излезен ќе се трудам со сите сили доколку не излезе до септември, а јас останам во жирито да ја замолам да се пријави следната година во „Ѕвездите на Гранд“, бидејќи сметам дека натпреварувањето „Ѕвездите на Гранд“ за неа како пејач, како сериозен светски вокал по мене, би биле приказна во рамките на која таа би го освоила Балканот преку ноќ. За мене практично постојат две жени кои се неверојатни пејачи на Балканот, едната е Македонка - Лина Пејовска, а другата е една девојка од Босна и Херцеговина која се вика Илма Карахмет. Мислам дека тие две се нешто што во себе имаат дел од Марија Шерифовиќ, дел од Нина Бадриќ, дел од Вана и дел од Ивана Петерс, односно Ивана од Негатив и дека тие се како би кажал, стандард кој некои млади девојки кои сакаат да пејат, ќе се обидуваат да го совладаат. И среќен сум што на Балканот јас знам за тие две девојки кои ќе бидат продолжение на тој неверојатен вид женски вокали, кои постоеле на Балканот. Е, сега кога би Босна и Херцеговина, односно Македонија ова за што зборувам го сфатат сериозно, кога би тие две држави едната за Илма Карахмет, другата за Лина Пејовска вложиле пари и би ги пласирале некаде на европскиот пазар мислам дека тоа би биле најдобрите амбасадори на сите времиња за тие две држави откако постојат, бидеќи сметам дека нивниот квалитет е неверојатен и дека нивната посебност е нешто што нема копија никаде во Европа. Но, исто така треба да се обрне внимание на младите луѓе кои се занимаваат со традиционалот, бидејќи Македонија е земја која има фантастичен мелос. Тие 7/8 најдобро ги објасни Влатко Стефановски, низ своите дела и низ своите обработки, што низ својата група Леб и сол, што како солист, инаку човек кој е сериозен амбасадор на оваа земја, бидејќи се наоѓа во сите европски и светски енциклопедии каде што ја има темата гитарист, каде што е темата композитор кој кокетира со разни работи, каде Влатко е сериозен мајстор. Па потоа би кажал дека оваа година во натпреварувањето дека го имаме Дамјан Димевски, минатата година тоа беше Мими Јовановска, но мислам дека малиот Дамјан е некој кој во таа смисла со негување на тој некој мелос на македонски е човек кој оваа година сериозно ќе го насочи вниманието кон себе, што веќе го направи тоа во претходниот круг. Така што луѓето се обземени со политиката, не сфаќајќи дека културата и она што е културен приказ, одраз на она што се случува во земјата и дека тоа е алраук всушност на народот. Според тоа во оној момент кога малку повеќе ќе се обрне внимание на музиката и на тие млади луѓе, во тој момент таа земја или подрачје би купило карта за иднината. Тоа е она што луѓето мора да го сфатат.

На професионално поле договара настапи за претстојното лето, а особен акцент стана на нашата држава од која е и повеќе од воодушевен.

- Се надевам дека во Македонија ќе ја направиме приказната како што треба, сега за ова лето, бидејќи во 2019 година на деновите на пиво во Прилеп според полициската проценка имавме некаде околу 35.000 луѓе на тој концерт и тоа беше нешто за неверување. Знам дека тогашниот градоначалникот дојде и не го знаеше описот кој го работиме и беше потполно шокиран и многу изненаден од бројот на луѓе кои дојдоа, до таа мера што немаше доволно обезбедување. Така што еден час непосредно пред концертот го видов во бекстејџот како вртеше по телефони како луд за да дојдат уште луѓе да ја обезбеди масата. А, другиот концерт е оној кој се случи се случи сега по изборите во КУманово, во ноември. Таму на плоштадот имаше околу 15.000 луѓе и повторно дојдоа и пееја заендо со нас и добив најдобри критики. Сметам дека тоа е доволен показател и карта за некои идни случувања и фестивали или манифестации кои овде традиционално се одржуваат. Фала богу во било која држава на Балканот тоа го има навистина многу, меѓутоа она што ќе се трудам како човек кој е во жирото на „Ѕвездите на Гранд“, е дека ќе се трудам на настапите, не само во Македонија, туку и на настапите кои се во Србија, Босна и Херцеговина да ги извлечам тие млади луѓе, без разлика од каде се. Но, Македонија ми е некако во срцето, па секогаш ќе се трудам каде што е можно тие Македонци да ги извлечам и повикам како гости на концертите, да почнам од Петрушевска за која сметам дека оваа година далеку ќе стигне и Омер Џаферовски, до конкретно Лина Пејовска, со која благодарение на оние моите од мојот тим оваа година станав другар и скоро секој пат кога сум овде, таа доаѓа и се дружиме.

Приватно обожава да вози автомобил и вели дека колата е неговата канцеларија, копнее за повеќе време со ќерката и сопругата, вљубеник е во кошарката, а особено се ежи на себични луѓе.

- Јас многу сакам да возам. Кога ќе седнам зад воланот тоа се големи километражи, еве денес е веќе шести ден како не сум во Белград, не сум со своето семејството, моите Сташа и Ана ми фалат многу. Некаде отприлика 2.500 километри поминав, почнувајќи од Зворник, Бања Лука, Бугојна, Зеница, Сараево, па сега Гевгелија, Кавадарци, Скопје, Демир Капија, едноставно воланот е нешто што ме одмара. Додека сум зад волан, можеби ги надобивам најдобрите идеи и најдобро ги решавам работите. Сакам да кажам мојот автомобил е моја канцеларија.

Страшно патам бидејќи немам доволно време за ќерка ми, но мислам дека сум еден од паметните мажи, затоа што за неа успеав да одберам најдобра мајка на светот. Моето дете има мајка која е апсолутен Бог во сето тоа и тоа внимание кое Ана ѝ го подарува е нешто што нема цена. Морам да кажам дека мојата Ана е убавица, многу сериозна и дека помеѓу останатото на своето женско дете веднаш му дадов на увид и пример како треба да изгледа и како треба да се однесува. Приватно исто така патам за луѓето од својот бенд, бидејќи немам доволно време ни со нив да се видам и дружам, а целата оваа пандемија ме направи многу тажен поради тоа што концертите станаа многу ретки.

Мнгоу сакам кошарка, тоа е нешто во што уживам и знам последниот пат кога ја гледав македонската репрезентација, тоа беше мечот против Шпанија во квалифациите, Перо Антиќ беше домаќин. Знам дека во еден момент поради неправедно судење тргнав толку да викам, а грлат сум, македонската публика не е толку гласна (инаку сум навивач на Црвена ѕвезда), во еден момент цела трибина ме гледаше, јас го пцуев судијата најстрашно, затоа што не пресуди нешто што беше очигледно намерен фаул. Така што сум многу срчан и емотивен кога е правдата во прашање, не се штедам себе, се давам маскимално и она што е важно јас за направеното добро не очекувам никаква добрина, ниту кога ќе направам добро дело или кога на некој му помогнам не очекувам дека тој некој ќе ми плати или врати. Ако сум во ситуација некој да усреќам, многу сум горд и многу сум среќен и добивам некоја внатрешна сила, порив да се оди понатаму и дека треба така да се прави во животот. И воедно тоа е моја порака до луѓето - Правете добро за вие да се чувствувате подобро, за вие во душата да бидете почисти и потентни, на крајот на краиштата животот само еднаш ви дава шанса.

Не сакам себични луѓе во таа смисла што ќе поминат покрај тебе и ако имаат 5 литри вода не ти дадат една чаша, доколку си жеден. Тоа се луѓе на кои кога тогаш тој балон од 5 литри ќе им пукне и ќе ја изгубат целата вода. Затоа што мислам дека филозофијата на животот е да умееш да делиш, а не да зимаш. Мислам дека тоа е главната животна филозофија и сметам дека единствено во тој некој вид интеракција со својата околина, да бидеш добар колку што е можно и да се трудиш да бидеш подобар ден пред тоа, се работи кои донекаде ќе ти го направат животот побогат, посреќен. Секако резултатот на сето тоа е бројот на луѓе кои ќе те поддржуваат со што и да се занимаваш и што и да правиш во животот.

Ивана Мисајловска