Ме молеше година и пол да пиеме кафе: Аделина Тахири проговори за сопругот
Љубовта меѓу нас се роди без да знам дека сум вљубена. Јоже ми беше многу добар пријател. Година и пол ме молеше да одиме на кафе. Не дека јас се занесував, но само што излегов од врска и немав потреба да се запознавам со никој, раскажа минатата година Аделина Тахири во интервју за порталот „7 дена“.
Атрактивната пејачка проговори за бракот со познатиот адвокат Серјожа Марков кој сензационално одекна во јавноста, особено поради тоа што станува збор за партнери од различна националност.
- Еден ден му реков: Јоже, јас треба да избирам меѓу тебе и татко ми и брат ми. Тие нема да прифатат. Тој, пак, ми одговори: Аделина, животот е многу краток и треба да го правиш тоа што ти го чувствуваш. Секако, одлучив да бидам со него. Зошто треба да имам предрасуди? Зошто треба да живеам за туѓи животи? Секако дека треба да живеам за себе. Моите многу добро го прифатија и тој и татко ми сега се многу блиски. Јас навистина сум многу среќна жена - појасни Тахири.
Ова е втор брак за нејзиниот избраник, во јавноста познат како поранешен адвокат на Сашо Мијалков и брат на сопругата на Иво Котевски. Пред пет години Марков беше избран за Почесен конзул на Република Молдавија во Република Македонија.