„Ме остави бидејќи одбив да вбризгам ботокс“: Шерон Стоун за лошите искуства со естетските корекции, но и помладите партнери

Добивај вести на Viber

Шерон Стоун е прославена актерка која плени со својот изглед и во седмата деценија.

Шерон Стоун, холивудската дива и една од најубавите и најшармантните актерки, секогаш е главна тема на медиумите, а таа сѐ уште привлекува внимание со својот зачудувачки изглед.

Познатата актерка не се двоуми јасно да ги искаже своите ставови, како и да сподели непријатни и трауматични искуства од минатото што ја снашле.

Шерон позираше за насловната страница на Vogue Arabia и во таа прилика го откри своето мислење за различни естетски корекции, како и непријатно искуство со партнерот кое предизвика бурни реакции.

View this post on Instagram

A post shared by Vogue Arabia (@voguearabia)



Актерката изјавила дека во минатото одела на одредени козметички корекции, но престанала по речиси фаталниот мозочен удар во 2001 година. Таа додаде дека го зацврстила своето противење на ботоксот откако нејзиниот помлад партнер ја прашал дали ќе се подложи на таа процедура. Шерон изјавила дека веројатно би било добро и за неа и за неговото его доколку добие ботокс, но таа не го сака тоа и нивната врска после тоа се распадна.

Таа не сакала да открие со кој партнер и се случило ова, но рече дека после тоа го видела само еднаш и дека повеќе не бил заинтересиран за неа.

View this post on Instagram

A post shared by Sharon Stone (@sharonstone)



- Ако не сум ништо повеќе од убаво лице за некого, тогаш е лесно да се најде патот до излезот - рекла актерката.

Шерон се откажа од секакви козметички зафати откако беше подложена на долг период на опоравување и комплицирана седумчасовна операција за аневризмата која за малку ќе ја убиеше.

View this post on Instagram

A post shared by Sharon Stone (@sharonstone)



- Мислам дека можам да зборувам за голем број жени кога ќе кажам дека сите изгледаат како да се чувствуваат угнетено и несигурно на овој свет. Чувствувам дека ова е највозбудливиот и најкреативниот период во мојот живот, никогаш не сум била толку среќна – заклучила актерката.

Шерон Стоун уште во 2001 година отишла на операција за отстранување на бенигни тумори, а потоа хирургот и ги зголемил градите без нејзино знаење затоа што мислел дека ќе изгледаат подобро на неа. Таа постојано беше обвинувана дека имала бројни хируршки зафати, но секој пат тврдеше дека бројни лекари и нудат различни третмани, но дека таа не сака и никогаш не се согласила на ниту еден од нив.


Извор: glossy