„Ме присилуваше да го допирам“: Се огласи и четврта жртва на Ѕверка - деталите се потресни

Не престануваат обвинувањата за сексуална злоупотреба против ѕвездата на серијата „Сексот и градот“, Крис Нот. 

Се појави и четврта жртва која раскажа за инцидент со Крис Нот во 2002 година.

Њујоршката пејачка Лиза Џентил призна дека се' се случило откако актерот ѝ понудил превоз до дома од ресторан.

„Кога дојдовме пред зградата, тој праша дали може да влезе. Откако му кажав дека немам што да му понудам, тој рече дека е во ред, дека само сака да види каде живеам“, вели Лиза.

Кога влегле во станот, тој ја нападнал и станувал се поагресивен.

„Се обидов да го спречам, но тој не попушти, ме принуди да го допирам“, раскажува Лиза која на крајот едвај успеала да го оттурне.

Актерот потоа ја нарекувал со различни погрдни имиња и ѝ се заканил дека ќе ѝ ја уништи кариерата ако каже некому.

„Се плашев да направам било што. Тој е угледен човек, многу лесно можеше да ми го уништи животот", рекла Лиза.

Пејачката првпат го запознала Крис во 1998 година во истиот ресторан.
„Беше редовен гостин и добар пријател на сопственикот. Често го гледав бидејќи доаѓав овде со пријателите и семејството“, рече таа.

Таа се одлучила на овој потег откако се јавиле други жртви.

„Мислам дека сите заслужуваме да се сретнеме на суд со г-дин Нот“, рече Лиза.

Потсетуваме дека откако започнаа обвинувањата за сексуална злоупотреба, многу врати се затворени за Крис. Иако досега негираше се', актерот доби отказ во серија, неговата реклама беше повлечена и загуби милиони проекти.

Покрај четирите жртви, во јавноста исплива и забрана за приближување од 1995 година која ја побарала неговата поранешна девојка Беверли Џонсон.

Неговата сопруга била многу потресена од се', па решила да се држи подалеку од него извесно време, а жените кои досега се огласија, ги поддржаа и колегите на Крис од сетот на серијата „Сексот и градот“.

извор:zena.blic