„Ме спаси тоа што станав мајка. Моите деца и јас имавме многу тежок период“: Анџелина Џоли за разводот со Бред Пит

Добивај вести на Viber

Анџелина Џоли ќе биде на насловната страница на ноемвриското издание на магазинот „Вог“. Таа во интервју за овој весник проговори за мајчинството, за тешкиот период низ кој поминала таа и нејзините деца и како родителството ја спасило. Актерката зборуваше и за својот моден бренд, кој е нов деловен пробив.

„Имав 26 години кога станав мајка. Целиот мој живот се промени. Имањето деца ме спаси - и ме научи да бидам поинаква на овој свет. Мислам дека ќе завршев на мрачен начин, ако не сакав да живеам за нив. Тие се подобри од мене, затоа што сакате вашите деца да бидат такви“, рекла Анџелина Џоли.

View this post on Instagram

A post shared by @glamfendi


„Јас не бев јас во последните 10 години“

Анџелина Џоли и Бред Пит се разведоа во 2016 година по 12 години заедно, имаат шест деца. По разделбата, тие водеа жестока судска битка за старателството над децата, а потоа и за сопственоста на винарија во Франција, која неодамна беше решена. Актерката призна дека деновиве се чувствува „малку потиштено“.

„Сè уште се обидувам да се разберам, на 48 години. Претпоставувам дека сум во транзиција како личност. Не се чувствувам како да сум целосно своја во последните 10 години, на начин во кој не би сакала да се впуштам“, додаде Анџелина Џоли.

Таа истакна дека животот за целото нејзино семејство бил тежок во последните години. „Моравме да се справиме со многу проблеми, но сè уште наоѓаме потпора“.

Анџелина Џоли со ќерката Захара и синот Пакс пред објективот на Ени Лебовиц:

View this post on Instagram

A post shared by Vogue (@voguemagazine)



Што ѝ рекол терапевтот?

Анџелина Џоли во интервјуто го претстави и својот моден бренд Atelier Jolie.

„Не сакам да бидам голем моден дизајнер, сакам да создадам модна куќа за други луѓе, за да можат тие да станат такви. Се надевам дека ќе сменам многу аспекти од мојот живот. А ова е оној кој е свртен напред“. Таа рече дека сака нејзиниот бренд да ги инспирира жените „да се чувствуваат доволно силни за да ја покажат својата нежна, чувствителна страна" - што порано не ѝ било лесно.

„Понекогаш начинот на кој се облекувате вели: „Не се плеткај со мене – јас имам своја заштита. Откако поминав низ нешто што ме повреди, терапевт ме праша дали ќе се обидам да носам лелеава облека. Звучи глупаво, но претпоставувам дека панталоните и чизмите укажуваат на „поцврст“ изглед, на посилна јас“, вели таа.

Во тоа време таа не беше доволно силна за да покаже колку е емотивна и чувствителна. „Се чувствував ранливо“, потенцирала таа, пренесува Page Six.


ФОТО: Инстаграм принтскрин