Ме труеа секојдневно и едвај се спасив: Тажна исповед на Оливера Катарина

Познатата актерка и пејачка Оливера Катарина се присети на еден непријатен настан за време на едно патување по црногорското приморје. Нејзиниот живот тогаш бил загрозен неколку пати, но во 1979 година едвај успеала да извлече жива глава.

- Тоа лето, по разорниот земјотрес во Црна Гора, пловев покрај јадранскиот брег со брод што застануваше на разни места каде што одржував концерти. Тоа беше седумдневна мини-турнеја. Екипажот на бродот се состоеше од Хрвати. После секој оброк што го јадев, не се чувствував добро и знаев дека ставаат нешто во мојата храна. Сфатив дека нешто не е во ред и дека усташите ме трујат! Во тие моменти бев исплашена, не знаев што да направам - раскажува Оливера за Хит.
Пејачката и актерка истакнува дека вистинскиот хаос започнал кога екипажот ги открил своите намери.

- Се сеќавам дека готвач ме фати за рака, ме завлече кон лакот на бродот и ми рече дека фатиле голем ѕвер. Тој ѕвер вонивните очи бев јас! Во истиот момент, крвта ми замрзна во вените. Дури и сега, непријатно ми е да се сеќавам на тоа - вели Оливера Катарина.

Во тие моменти најважно ѝ било да остане смирена и штом пристигнале во Херцег Нови, таа решила да реагира.

- Само што пристигнавме во Херцег Нови, скокнав од бродот за да истрчам колку што ме носат нозете. Ги оставив сите свои работи, не можев да земам ништо! Ме бркаа неколкумина од нив. Трчав низ градот и се сеќавам дека минував покрај многу уништени куќи од земјотресот. Стигнав до плоштадот во центарот на градот и почнав да викам: 'Помогнете ми, усташите ќе ме убијат!' - се сеќава Оливера и открива дека среќата била на нејзина страна во тие моменти.
- Некои луѓе ме спасија и веднаш ме однесоа во воената болница во Херцег Нови. Поминав неколку часа таму. Во меѓувреме, тие му рекле на мојот сопруг Миладин Сакиќ што ми се случува. Тој веднаш дојде во Црна Гора со авион од Белград и ме врати во Србија - заклучи актерката.

Инаку Оливера Катарина беше една од најубавите и најталентирани жени во овој дел на Европа која има играно во повеќе од триесет филмови и до ден денес останува единствениот изведувач од оваа област, кој одржа 72 последователни концерти во престижната сала „Олимпија" во Париз. Потоа таа беше запаметена како „единствената жена пред која застана на коленици и Салвадор Дали", бидејќи беше воодушевен од нејзината убавина и глас.

извор:gloria.rs