„Медена земја“ влезе во потесниот избор за номинација за „Оскар“ за најдобар документарец и за најдобар странски филм

Добивај вести на Viber

Документарецот „Медена земја“ влезе во потесниот избор за номинација за „Оскар“, и тоа во две категории – за најдобар документарец и за најдобар странски филм. Американската филмска академија вчера го соопшти потесниот избор на филмови во девет категории.

Во категоријата најдобар документарец, македонскиот канидат е меѓу 15 селектирани филмови, од 159 квалификувани. Во категоријата за најдобар интернационален филм, пак, во потесниот избор влегоа 10 наслови од 91 пријавен.

Членовите на Академијата до 7 јануари 2020 година ќе гласаат за потесниот избор. Номинациите со петте кандидати во игра за најпрестижната филмска награда ќе бидат соопштени на 13 јануари.
Доколку „Медена земја“ добие номинации за „Оскар“ во двете категории, ќе биде прв филм од нашата земја што успеал во тоа.

Церемонијата на 92. издание на Оскарите ќе се одржи на 9 февруари 2020 година во Холивуд.