Медената Атиџе се подготвува за претстојното лето: Сузана Турунџиева сподели фотки од теретана

Веќе сите добро знаеме дека познатата водителка Сузана Турунџиева се труди да ѝ ги разубави деновите на медената Атиџе. Сведоци бевме на многу нивни заеднички авантури, а оваа последната ги изненади сите.

Имено, водителката на својот Инстаграм профил сподели фотографии од теретана, на кои се гледа дека Атиџе вежба, а од описот кој го напиша Сузана може да откриеме дека и најпознатата пчеларка во Македонија решила да се позанимава со својот изглед.

„Доаѓа лето, и сите сакаме да сме фит! Хероината реши да ги користи сите совети и препораки на еден од најдобрите сертифицирани фитнес тренери кај нас - Анатолиј Романов“ - напиша познатата водителка покрај фотографиите кои ги сподели на социјалната мрежа Инстаграм.

View this post on Instagram

A post shared by Сузана Турунџиева (@suzana_turundzieva)