Меган и Хари по втор пат кренаа паника во јавноста

Информациите дека кралското бебе, на принцот Хари и на војвотката од Сасекс Меган Маркл се родило се лажна тревога, пишува Дејл Мејл.

Возилото на брзата помош во близина на домот на Меган и на Хари во Виндзор ги поттикна овие написи во медиумите. Сепак, британските портали подоцна јавија дека возилото стои пред нивниот дом за секој случај.

Откако кралското семејство претходно објави дека раѓањето на бебето ќе го прослават во интимна атмосфера, а потоа ќе ја известат јавноста, тргнаа гласините дека бебето е веќе родено, и тоа беше објавено неколку пати.

Сепак, јавноста ќе треба уште малку да причека за малата принцеза, која наводно треба да се вика Викторија.