Меган и Хари се родини: Помалку познати факти за принцезата

Добивај вести на Viber

Англиското кралско семејство се подготвува за раѓањето на ќерката на прицот Хари и на Меган Маркл, а мајката на Меган дојде од САД за да биде со ќерка си за време на најважните мигови од нејзиниот живот. 

Во исчекување на кралското бебе, англиските медиуми објавија помалку познати факти за војвотката од Сасекс. 

- Истражувач од Историско-генеалошкото друштво на Нова Англија дојде до откритие дека Меган е потомок на англискиот крал Едвард Трети, и дека таа и Хари се роднини од 17 колено. 

- Меган одела во женско католичко училиште. Не се вклопувала во средината затоа што е мулатка, а се срамела од својата виткана коса и растојанието помеѓу забите. 

- Слободното време по училиштето го поминувала на сетот на познатата ТВ серија „Брачни води“, на која нејзиниот татко работел како директор на фотографијата.

- Таа обожава да готви и е голем гурман. Вели дека може да згорви оброк од ништо.

- Меган го има најпосакуваниот нос на светот. Со години сѐ повеќе жени одат на пласитчен хирург и бараат да им направат нос како на Меган.

- Серена Вилијамс е нејзина добра пријателка. Се запознаа на „Супер Боул“ забавата во 2010 година па затоа Сеерене беше поканета на кралската венчавка.