Меган Маркл целосно го промени изгледот: Таа блеска додека палатата се обидува да спречи нов скандал

Добивај вести на Viber

Меган Маркл излезе во јавноста откако беше објавен нејзиниот одговор на шпекулациите околу крунисувањето на британскиот монарх Чарлс III. А најмногу се зборува за промената на нејзиниот изглед.

Војвотката од Сасекс се огласи преку видео повик за да го поддржи својот пријател, познатиот фотограф Мисан Хариман, пред нејзиниот говор во Ted Talk за фотографирање на протестите на Black Lives Matters пред три години.

Меган и Хари се многу блиски со овој уметник кој ги фотографираше во нивната градина во Калифорнија, а со таа фотографија објавија дека чекаат второ дете, ќерката Лилибет Дијана. Двојката го има синот Арчи Харисон, кој ќе го прослави четвртиот роденден на 6 мај, на денот на крунисувањето на Чарлс и Камила.

„Нашиот следен говорник има одлично око за добра фотографија. Го препознав неговиот талент од прва рака, бидејќи тој фати многу значајни пресвртници за мене и моето семејство.


Неговиот објектив сними сè, од настани кои го менуваат светот до моменти кои сите очајно ни требаа да ги видиме покрај некои од најпрепознатливите лица на планетата.

Но, тоа не беше секогаш неговиот пат и можеби ќе се изненадите кога ќе слушнете не кој, туку за што е заслужен неговиот успех“, рече Меган Маркл.

Војвотката од Сасекс се претстави со нова фризура, долга коса - дури и подолга од вообичаено, која ја потстижала на степен. Промената навистина ѝ одговара на Меган, која едноставно блеска. Најголемата промена е новата боја на коса и одличен избор! 

Мис Хариман ѝ се заблагодари на Меган Маркл за нејзината поддршка. 

Дали ви се допаѓа новата фризура на војвотката во споредба со нејзиниот претходен стил?


Фото: Профимедиа/Инстаграм