Меган Маркл е бремена?! Најновите фотографии на војвотката од Сасекс се главна тема во медиумите
Принцот Хари и
Меган Маркл се видени заедно за прв пат по крунисувањето на кралот Чарлс III.
Американските папараци ја забележале двојката пред ресторанот Суши Бар во Санта Барбара, а Меган изгледала многу убаво во темно кафеав мини фустан, многу шик пролетен модел со подолги ракави.
Едноставниот фустан го искомбинирала со рамни влечки од брендот Хермес, многу популарен модел наречен Оран, како и со бела чанта од модната куќа Cesta Collective.
Сепак, она за што најмногу се зборува еден ден подоцна е фигурата на Меган Маркл, а таблоидите како ТМЗ шпекулираат дека војвотката повторно е бремена.
Ако е така, нејзиниот стомак сè уште не е голем, а многу луѓе овој детаљ го поврзуваат со фактот дека на неодамнешното планинарење низ селата на Калифорнија, Меган го сокрила стомакот под јакна врзана околу половината, додека можело да се види нешто необично одоздола: некои велат дека се носи појас по операција на кила, некои тврдат чанта, а некои мислат дека војвотката го сокрила трудничкиот стомак.
Ако Меган Маркл е навистина бремена, тоа би можело да објасни зошто таа не присуствуваше на крунисувањето на кралот Чарлс III во Лондон. Во првата бременост, кога го чекаше синот Арчи, често патуваше со авион, но по спонтаниот абортус во втората бременост, во третата мируваше, додека ја носеше ќерката Лилибет.
Во секој случај, принцот Хари и Меган Маркл се‘ уште не ги коментирале овие наводи.
Фото: Профимедиа/Инстаграм
Фото насловна: Youtube- screenshoot