Меган Маркл носи чанта од 600 денари која личи на пазарџиска, и шал од 60 000 денари: А, колку чинат влечките сите се чудат (ФОТО)

Добивај вести на Viber

Меган Маркл и принцот Хари минатиот викенд се вратија од Карибите во Америка, каде тие беа видени на аеродромот во Атланта. 

Славниот пар уживаше на краток одмор на островот кој е омилено место на многу познати богаташи. Војвотката од Сасекс со себе имаше интересен моден детаљ од егзотична дестинација.


Како што Кејт Мидлтон има моден принцип на „комбинирање на скапа облека со достапни модни детали“, така и Меган Маркл комбинира скапо и евтино.

Овој пат Меган Маркл носеше чанта со натпис „Cream of the Islands“ од Карибите. Моделот потсетува на чанта за пазар, а се продава онлајн - во специјална домашна продавница „Seven Council Fires Native Art“.


Торбата која чини 10 долари или 9,5 евра, всушност е автентичен дизајн од Карибите, рециклирана торба за храна, односно складирање брашно, како што стои на веб-страницата.


 Сличноста не е случајна. Прекрасните креации се дизајнирани од мајка и ќерка и нивните модели се сè само не евтини. Чантата го доби тој „епитет“ исклучиво поради цената.


На Меган Маркл видовме и марама на Хермес која чини 1.125 долари или околу 1.100 евра и влечки од истиот бренд чија цена е 770 долари или 730 евра.


ФОТО: Инстаграм принтскрин