Меган Маркл тајно се породи а не се пофали: Британските медиуми се сомневаат
Помина речиси еден месец откако Меган Маркл се повлече на породилно отсуство, па британските медиуми денеска почнаа да шпекулираат дека англиската принцеза се породила во тајност.
„ Војводата и војвотката од Сасекс се заблагодаруваат на желбите и честитките што ги добија до сега и се подготвуваат за раѓањето на своето прво дете. Војводата и војвотката лично донесоа одлука раѓањето на бебето да биде приватно. Јавноста ќе биде известена ,откако раѓањето ќе биде прославено во тесниот круг на семејството,” велат Меган и Хари во официјалното соопштение кое го испратија до медиумите.
Фото: Гети
По овие нивни зборови, повеќето англиски портали ја објавија веста оти ова е знак дека Меган веќе се породила, а убавата вест, кралското семејство официјално дополнително ќе ја соопшти.
Сѐ уште нема реакција од кралскиот двор за овие заклучоци на медиумите.