МЕЃУНАРОДЕН КОЊИЧКИ ТУРНИР „СКОПЈЕ 2018“ МЕМОРИЈАЛЕН КУП „Д-Р ЈОСИФ НАУМОВСКИ“

Федерацијата на коњички спортови на Република Македонија, со поддршка на Град Скопје, Агенција за млади и спорт и компанијата ВИВАКС, како генерален спонзор на настанот, на 13–ти и 14-ти Октомври (сабота и недела),организираат спортска манифестација, Меѓународен коњички турнир„Скопје 2018“- меморијален куп “Д-р Јосиф Наумовски“.

ВИВАКС, најголемиот производител на природни овошни сокови во Македонија, под брендот ВИВА, е генерален спонзор на меморијалниот куп „Д-р Јосиф Наумовски“ и на целокупната спортска манифестација. Како општествено одговорна компанија, ВИВАКС е долгогодишен поддржувач на спортските настани од овој тип и активно учествува во зголемувањето на популаризацијата и свеста за јавачкиот спорт во Македонија.

Терените на хиподромот во Маџари овие двадена ќе бидат домаќини на натпреварувачи од повеќе земји, а помеѓу натпреварувачите ќе настапи и македонскиот претставник Лука Заложник, кој е голема надеж за овој спорт во Македонија и е наш претставник на ЛОИ 2020 во Токио.

Меморијалниот куп “Д-р Јосиф Наумовски“ името го доби во знак, чест и признание наизвонредно големиот вљубеник во коњичкиот спорт и еден од најголемите спортски работници и активисти, кој имено,целиот свој животен век го посвети на развојот, афирмацијата и популаризацијата на коњичкиот спорт во и вон границите на Македонија. Човек кој по професија беше еден од врвните кардиолози- интернисти во државата, со своите дела како спортист и вљубеник во овој спорт, до последниот ден активно придонесува за развитокот на коњичкиот спорт.

Почетокот на турнирот е во 11 часот, а во програмата се предвидени шест натпревари, по три во текот на двата дена.Јавачите ќе се натпреваруваатво прескокнување на пречки во височина од 1 до 1.30 метри. Натпреварите се организирани според меѓународните стандарди за коњички натпревари, во организација на Федерација на коњички спортови на Република Македонија.

Манифестацијата е од јавен карактер и влезот на истата е слободен.