Меланија и Доналд Трамп номинирани за најлоши актери
Неуспешниот мафијашки филм на Џон Траволта „Готи" и американскиот претседател Доналд Трамп се меѓу номинираните за „Златна малина“, награда за најлошите филмски остварувања во 2018 година
Традиционалните номинации за „Златната малина“ беа објавени на денот пред објавувањето на номинациите за Оскар.
Наградите, формирани пред 39 години наградуваат во девет категории, од најлош филм, преку најлош актер или актерка, до најлош римејк или продолжение.
Победниците ќе бидат објавени на 23 февруари, денот пред Оскарите.
Последниот во низата филмови за Шерлок Холмс „Холмс и Вотсон" доби шест номинации, меѓу кои за најлош актер за Вил Фарел и Џон Рајли, „кои ги уништија најомилените ликови на светската книжевност".
Американскиот претседател Доналд Трамп е номиниран за најлош актер за неговите улоги во два документарни филма минатата година, „Death of a Nation" и „Farenhajt 11/9".
Неговата сопруга Меланија Трамп и нејзината блиска соработничка Кејлин Конвеј се номинирани за најлоша актерка за архивските снимки во филмот „Фаренхајт 9/11"
Трамп веќе има „Златна малина“ од 1989-та година, во филмот „Ghosts Can't Do It“, каде се глуми самиот себе.