Меланија Трамп со мемоарите крена прашина: Откри многу сочни детали, а еве што кажа за комунистичка Југославија
Во своите мемоари, Меланија се присети на своето среќно детство, нејзината мајка Амалија, која работела на фарма и нејзиниот татко Виктор, продавач на автомобили.
Поранешната прва дама на САД Меланија Трамп ги објави своите мемоари овој месец, откривајќи ја нејзината страна од приказната. Во последните денови во медиумите протекуваат се повеќе сочни детали за нејзиното растење во Словенија и нејзината прва средба со сопругот Доналд Трамп.
Во мемоарите, Меланија се присети на среќното детство, за мајка ѝ Амалија која работела на фарма и татко ѝ Виктор, продавач на автомобили. Иако се соочиле со политички притисоци, таа тврди дека нејзиното детство било исполнето со радост и убавина, далеку од стереотипите за растење во комунистичко општество.
„Како дете одев со сестра ми Инес на концертите на Елтон Џон и Тина Тарнер за да се чувствуваме повеќе поврзани со западните земји, напиша таа, мислејќи и на политичките убедувања на татко ѝ Виктор. Поради него УДБА упаднала во нивната куќа, како што вели, соседите ги пријавиле, а тоа ѝ било едно од најлошите чувства.
Меланија откри како таа и нејзиното семејство скијале на Алпите во зима, додека летувале во Хрватска.
„Објавени се безброј приказни за моето детство, но честопати се пропуштаа, давајќи мрачна и неточна слика за моето растење. Навистина, моето детство беше исполнето со среќа, убавина и позитивност, далеку од типичната приказна за девојче кое расте во комунистичко општество“.
Исто така, таа откри детали за нејзината прва средба со Трамп во 1998 година на Модната недела. Иако во тоа време бил оженет, Трамп почнал да ја заведува, поставувајќи ѝ прашања за нејзиниот живот. Кога го побарал нејзиниот телефонски број, Меланија прво го одбила, но подоцна го побарала и неговиот број, на што тој се согласил под услов таа да му се јави.
Фото: Youtube - screenshoot