МЕСЕЧЕН ХОРОСКОП ЗА МАЈ: Конфликти и семејни проблеми за неколку знаци

Добивај вести на Viber

Овен
Работа: Бидете умерени кога станува збор за пари. Не е време за големи трошоци.
Љубов: Незадоволни сте со сегашната ситуација, но една личност може позитивно да влијае на Вас и Вашето расположение. Мудри сте и имате добра самоконтрола, што е клучно овој месец, и не сакате да направите голема грешка. Семејството може да Ви ги отежнува плановите, но држете го Вашиот став.
Здравје: Синуси.

Бик
Работа: На работа владее недоразбирање. Продолжете површен однос со некои од колегите. На почетокот на месецот е можна парична добивка.
Љубов: Ненајдени настани се карактеристика за почетокот на овој месец. За некои овнови тоа значи дека месецот ќе биде полн со страст со личноста која веќе подолго време им се допаѓа. Другите се разочарани од пријателите и познаниците поради лажните приказни кои ги шират за нив.
Не влегувајте во непотребни конфликти.
Здравје: Настинка.

Близнаци
Работа: Во текот на месецот ќе бидете познати по својата енергија и страст. Првата недела ќе биде полна со предизвици, каде што ќе ги покажете овие способности.
Љубов: Некои од вас се соочуваат со проблемот на бегство од рутината, на емоционалното поле. Останувате колку што е потребно, но, можно е долготрајниот партнерски однос да заврши.
Здравје: Проблеми со дигестивниот тракт.

Рак
Работа: Завршете ги старите обврски и дефинирајте ги идните цели.
Љубов: Интуитивни, чувствителни и на моменти премногу обземени со вина. Моментално сте во фаза кога ништо не Ви оди од рака. Потребно Ви е време за емоционално закрепнување и осаменост. Запрашајте се дали сте подготвени за врска.
Здравје: Нервоза.

Лав
Работа: Ќе Ве повреди личноста со која соработувате. Контролирајте ја Вашата импулсивност. Напнати сте, организирајте се подобро.
Љубов: Имате потреба од љубов, восхит и моќ. За да ги задоволите овие потреби ќе се обидете да ги манипулирате луѓето околу Вас. Некои навики ќе мора да ги промените овој месец, што ќе Ве прави нервозни. Сепак, доволно Ви е малку внимание од партнерот за повторно да бидете опуштени
и задоволни.
Здравје: Добро.

Девица
Работа: Позитивна рутина. Консултирајте се со постари и поискусни колеги и користете интуиција.
Љубов: Влегувате во нова фаза. Не се разбирате со партнерот, сакате исти работи, но на различен начин. Нема причина за напнатост, работите одат во Ваша корист. Некои од Вас ќе треба да ги расчистат нејаснотиите во врската, што ќе трае подолго време.
Здравје: Проблеми со грлото.

Вага
Работа: Ве очекува среќа на финансиски план, бидејќи сте во можност од ништо да направите нешто. Некои од ставовите можат да предизвикаат конфликт со постарите соработници.
Љубов: Во последно време сте многу привлечни за спротивниот пол. Покажете иницијатива за влегување во врска со личност која Ви се допаѓа. Може да Ви привлече внимание и личност која работи во странство. Ако сте во можност да патувате, искористете ја истата, Ве очекува интересно
патување.
Здравје: Болки во грбот.

Шкорпија
Работа: Многу промени Ви беа понудени во текот на претходниот месец, и сеуште имате можност да бирате и да го насочувате понатамошниот тек на деловниот план.
Љубов: Го проширивте кругот на познаници и потенцијални партнери. Сеуште имате слични околности како и во претходниот месец, можно е да запознаете интересни личности преку пријатели или во друштво на пријатели. Ќе Ви се додворуваат комуникативни и интелектуални типови на
личности.
Здравје: Проблеми со циркулација.

Стрелец
Работа: Се оптоварувате со финансискиот статус и со желба да акумулирате одредена сума на пари, што ќе Ви предизвикува нервоза.
Љубов: Во минатото времето го минувавте работејќи. Потребен Ви е некој кој ќе се вклопи и кој ќе ги разбере Вашите сегашни обврски. Доминантната улога на личноста која е до Вас ќе почне да ви пречи, поради тоа, кон средината на месецот ќе бидете во голема дилема. Од Вас зависи резултатот.
Здравје: Не претерувајте со алкохол.

Јарец
Работа: Во првата половина на месецот внимавајте на манипулации од страна на соработниците. Евентуалниот вишок на пари ќе го истрошите за некои предмети од домаќинството.
Љубов: Овој период не е период на битни емоционални промени. Ќе размислувате за личност од минато, можеби и ќе го обновите контактот, но наскоро ќе се сетите на причината зошто раскинавте. Не сте подготвени на компромиси. Една личност со младешки дух, хармонична и зборлеста ќе се
обиде да ве освои.
Здравје: Проблеми со циркулација и повремена аритмија.

Водолија
Работа: На голем број водолии месецов ќе биде успешен, бидејќи ќе бидете во можност да добиете пари кои Ви биле ветени одамна (преку долг, судска постапка, наследство итн.).
Љубов: Зафатените водолии сеуште не се сигурни за статусот на својата врска, но тешко дека ќе дојде до прекин. Слободните водолии ќе ги привлече некој со значителна разлика во години. Постои можност потенцијалниот партнер да биде зафатен, тајна врска не би бил добар избор овој месец. Оваа личност ќе биде сосема различна од Вас. Внимавајте што посакувате.
Здравје: Грло и синуси.

Риби
Работа: До средината на месецот средете ги заостанатите долгови. Не правете големи компромиси. Потребно Ви е слободно време за вашата креативност.
Љубов: Незадоволни сте од моменталната врска. Можеби сте во искушение да влезете во тајна љубовна врска. Можно е да постои одредена далечина помеќу Вас и партнерот, односно, потенцијалниот партнер да го одложи своето пристигнување поради работни обврски или семејни проблеми. Имајте трпение.
Здравје: Главоболки.