Месечен хороскоп за ЈУЛИ: Кои денови ќе ви донесат среќа?

Добивај вести на Viber

Лав

Секогаш треба да се има време за забавни активности со пријателите, како забава кај некого дома, или пак прошетка во парк. Ќе ја дознаете вистината за дилемата што ве мачи веќе подолго време. Вашите претпоставки ќе испаднат точни.Нови познанства може да доведат до нова љубов. Верувајте во вашите способности и не се потценувајте.

Најубави денови: 13, 20, 27 

Најтешки денови: 6, 15

Девица

Насочете го вниманието на тие омилени, но малку запоставени нешта кои ќе ви го разубават животот. Месецов посветете повеќе време на социјалниот живот. Секојдневието може да ви се подобри, а вие сепак да останете организирани. Вашите први впечатоци за нештата се точни, верувајте им на вашите инстинкти повеќе отколку на паметот.

Најубави денови: 3, 16, 23 

Најтешки денови: 21, 30

Вага

Ќе бидете доста комуникативни овој месец, бидејќи знаете што сакате и ќе го добиете тоа. Не се откажувајте од потрагата по љубов. Уживајте во животот повеќе, одете на шетање некој викенд или организирајте кул дружба со вашите најблиски.Таа врска што ви делуваше дека е размрдана, кон крајот на месецот може да се соочи со поголем предизвик.

Најубави денови: 8, 13, 17 

Најтешки денови: 1, 19

Скорпија

Иако ви изгледа дека нема да се справите со сите тие задачи и проекти, вашата смиреност и организираност велат друго. Ќе бидете нечие рамо за плачење. Може да е само другарката или другарот кој е далеку и многу ви фали. Запомнете дека некогаш е доволно само да ислушате некого, иако не можете да помогнете на друг начин.Ви фали малку возбуда и забава во животот. Запомнете да правите паузи и да не се исцрпувате.

Најубави денови: 2, 10, 27 

Најтешки денови: 3, 8


Претходна страна  Следна страна