Месечен хороскоп за ноември: Финансиски главоболки за Риби, што ве чека вас?

Добивај вести на Viber

ЛАВ – Голема раздвиженост ве очекува во текот на оој месец. Постојано ќе бидете во контакт со луѓе, на средби, на разговори, за договори, или преговори, и секаде каде е потребен ум, дипломатија со другите и прилагодување на нови околности. Некои од нив ќе излезат на крајот многу успешни. Сепак, внимавајте при контакти со лица од правниот систем. Можеби поради таквата зголемена активност со други луѓе, слободниот дел од денот и вечерта ќе сакате да ги поминете дома во мир и олабавеност. Подгответе се за давање пари, и не позајмувајте пари во овој период, бидејќи постои можност да не ги добиете назад.

ДЕВИЦА  – Финансиите ќе ви бидат во центарот на внимание, па во текот на ноември ќе изнаоѓате интересни начини како да дојдете до дополнителни пари. Пари ќе ви доаѓаат од разни извори, а за некои од нив ни сами нема да бидете свесни од каде и како се појавиле. Доколку работите на процент или со клиенти, односно наплаќате по завршена услуга или предаден производ, ноември е вистинскиот месец да се посветите за да додјете до поеќе пари. Патувањата носат добивки исто така, а луѓето кои ќе ги среќавате во овој период ќе бидат смирени, духовни, и од помош за вас. Интуицијата ќе ви биде изострена, па следете ја.

ВАГА – Ќе бидете турнати во ситуација да решавате проблеми, свои или туѓи. Сите решаваме постојано по нешто, но овој пат различното е што овие нешта ќе бидат итни, и ќе бараат посебно внимание од вас. Внимавајте да не направите нешто што може да доведе до скандал или да ги повреди чувствата на другите.  Некој ќе ви се спротивстави, а постои и можност некој да стори нешто намерно за да ве повреди. „Неочекуваното“ се случува во непогоден момент, односно речиси ништо што очекувате нема да се случува како што сакате. Во љубовта – необични промени; а финансиите ќе зависат најмногу од вашето трошење.

СКОРПИЈА – Средба со постари лица од вас, кои се чесни и искрени, кои ви помагаат, и кои може да се претворат во постојани пријатели. Од такви лица очекувајте помош и за пари и/или за работа.  Во кругот на пријатели ќе сретнете пријатно лице што ќе ви остави голем впечаток, односно – ќе ви се допадне. Можно е да започнете поинтензивен контакт. Можна е и љубов на прв поглед, или ќе донесете пренаглена одлука која ќе влијае врз вашиот љубовен живот. Можни се врски и здружувања кои се на добра основа, со луѓе кои имаат слична вибрација и интереси, посебно со спротивниот пол. Уживајте.


Претходна страна  Следна страна